Италија секогаш со причина е меѓу првите држави на списокот кои треба да се посетат, а Рим дури започна да издава казни од 450 евра за седење на познатите Шпански скали, токму поради пренатрупаност со туристи.

Меѓутоа, помалку познатите градови во Италија имаат спротивен проблем: Иако се прекрасни и зад нив имаат богата историја – целосно се неискористени и празни.

Токму поради тоа, селата како што се Мусомели и Самбука, неодамна започнаа со продажба на куќи за само по три евра, во надеж дека ќе ја ревитализираат економијата со привлекување на луѓе кои се заинтересирани за реновирање на старите куќи.

А сега им се придружи и Бивона, мало гратче во срцето на Сицилија – кое практично “подарува” историски куќи за само 1 евро. Додека Мусомели, на пример бараше од купувачите да приложат депозит од 4500 евра и да ветат дека ќе започнат со реновирање на куќата во текот на три години, Бивона бара депозит од само 2485 евра и обврзување за започнување на реновирањето во текот на 4 години.

Ангела Канизаро, една од советничките за култура во ова гратче, за BBC изјавила дека популацијата на Бивона се преполовила во последните 40 години.

Покрај силната желба за градски живот, и финансиската криза на Италија од почетокот на 2000-тите, доведе до дифузија на младите луѓе од малите, економски чувствителни градови во региони со повеќе можности во земјата и надвор од неа.

Канизаро се надева дека ќе го врати населението, но и волшебната атмосфера на ова гратче кое датира уште од 16 век.

“Сакаме да ја вратиме изгубената величина на нашето најголемо време во историјата – уште во ренесансата, кога во Бивона живееле 8.000 луѓе.

Во секој случај – звучи привлечно. Што мислите вие за оваа акција? Пишете ни во коментарите.