Невремето што ја зафати Словенија стигна и до Хрватска.
Сцени на катаклизмични црни облаци кои го покриваат небото над делови од Хрватска се снимени во Пореч, во време кога во секој момент се очекуваше почеток на нова деструктивна суперклеточна бура.
Како што претходно беше најавено, невремето ќе го зафати и подрачјето на словенечка Истра, а можни се посилни налети на северни ветрови над морето во Трстскиот залив и долж словенечкото крајбрежје, што подразбира појава на посилни бранови во морето.
VIDEO Jako nevrijeme pogodilo Istru, vjetar čupao stablahttps://t.co/v1LVy8zqxg
Foto: Screenshot pic.twitter.com/XhqS4tinKL
— Direktno.hr (@DirektnoHR) July 21, 2023
Судејќи според објавите на Твитер, ветерот во Истра бил толку силен што корнел дрвја.
Словенечка Истра е под влијание на ветер кој е толку силен што корне дрвја.
Исто така, силно невреме е забележано и во градот Ловран во Хрватска.
Nevreme u Poreču! #Oluja pic.twitter.com/z3UOO3yArR
— Nikola Martać™ (@NikolaMartac) July 21, 2023
За Истра е прогласен црвен аларм поради можно силно невреме, а што се однесува до останатиот дел од земјата, на сила е портокалово предупредување поради можна појава на грмежи.
https://fb.watch/lWrbLL9_Bk/?startTimeMs=2000&mibextid=v7YzmG
Проширена црвена тревога во Загреб
ДХМЗ штотуку објави црвено предупредување за подрачјето на Загреб.
Vazduh trepti ko da nebo gori… Sprema se oluja! #Poreč #Nevreme pic.twitter.com/AHO5LG7Hxv
— Nikola Martać™ (@NikolaMartac) July 21, 2023
Цивилната заштита издаде предупредување
Цивилната заштита најави можно невреме.
„За денес, 21 јули 2023 година, ДХМЗ издаде црвено предупредување за невреме со грмотевици за регионите Риека, Карловац и Госпиќ и портокалово предупредување за регионот Осиек и Загреб.
Veliko nevreme u Lovranu vetar, kiša, tuča… pic.twitter.com/EobS3r5eWk
— vladimir nikolic (@vladnik55) July 21, 2023
Можни се штети на имот и дрвја, локални поројни поплави, налети на бурни ветрови, силно невреме и прекини во активностите и сообраќајот на отворено. Да се потсетиме на препораките и корисните совети кои треба да ги следиме во случај на грмотевици и силен ветер“, најавуваат оттаму.
https://fb.watch/lWrGdUqoyg/?startTimeMs=16000&mibextid=v7YzmG