Home Десерти Ова е вистинското трилече: меко, сочно и неодоливо вкусно

Ова е вистинското трилече: меко, сочно и неодоливо вкусно

<

Трилечето е еден од оние колачи што или се прави совршено – или воопшто не.

По долго барање и тестирање, го пронајдов оригиналниот рецепт за трилече кое навистина го оправдува името: бисквит кој ја впива млечната мешавина, останува воздушест, сочен и се топи во уста при секој залак, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Ова е рецепт што секогаш успева – идеален и за домашна подготовка и за свечени пригоди.

🟡 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За бисквит (плех 25 × 40 см):
• 7 јајца
• 100 г шеќер
• 180 г брашно (околу 12 лажици)
• 10 г прашок за печиво

За млечен прелив:
• 500 мл слатка павлака
• 200 мл кондензирано млеко (или домашна замена – објаснето подолу)
• 1 литар ладно млеко
• НМД

За карамел-прелив:
• 400 г готов карамел-прелив

Или за домашен карамел:
• 200 г шеќер
• 200 мл слатка павлака

Оригинален рецепт за трилече со карамел – мек, сочен колач што се топи во уста. Проверен домашен рецепт со совршен млечен прелив.

🟡 ПОСТАПКА

1. Домашна замена за кондензирано млеко

Во тенџере сипете 500 мл млеко и додајте 50 г шеќер. Доведете до вриење, па гответе на умерена температура околу 20 минути, со постојано мешање, додека да се редуцира и згусне. Ќе добиете приближно 200 мл домашно кондензирано млеко.

2. Подготовка на бисквит

Белките матете ги со миксер додека да добиете цврст снег (околу 10 минути).

Жолчките изматете ги со шеќерот додека да станат светли и кремасти (околу 5 минути).

Додајте ги жолчките во снегот од белки и нежно соединете со шпатула.

3. Печење

Во смесата додајте го просеаното брашно измешано со прашок за печиво и внимателно промешајте.

Истурете ја смесата во намастен плех обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна:
• 10 минути на 200 °C,
• потоа 30 минути на 150 °C.

4. Натопување

Печениот бисквит оставете да се олади околу 10 минути. Извадете ја хартијата за печење и вратете го бисквитот во плехот.

Измешајте ја слатката павлака со кондензираното млеко и прелијте рамномерно врз бисквитот.

Со чепкалка или виљушка избоцкајте го бисквитот, па постепено сипете го ладното млеко, додека целосно да се впие.

5. Завршница

Откако бисквитот ќе ја впие течноста, рамномерно премачкајте го со карамел-прелив.

Оставете го трилечето најмалку 2 часа во фрижидер пред послужување. Постапката опишана преку фотографии и видео прилог можете да ја погледнете ОВДЕ:

Оригинален рецепт за ТРИЛЕЧЕ…Го барам цела година…Колач кој се топи во уста, нема повкусен…