Ова е вистинска баклава…Повеќе ореви отколку кори…Најдобрата што некогаш сум ја направила…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тепсија 38 см):
750 г кори за баклава
800 г ореви
5 лажици шеќер
За премачкување:
300 г путер
За сируп:
1 кг шеќер
1200 мл вода
4 тркалца лимон
ПОСТАПКА:
Најпрво подгответе ги оревите, еден дел сечкани и еден дел мелени. Во оревите додајте 5 лажици шеќер и измешајте. Растопете го путерот.
Ставете го сирупот да зоврие. Гответе 15 минути на средна топлина од моментот кога ќе зоврие. Кон крајот на готвењето, додајте ги парчињата лимон и варете околу 3 минути.
Исечете ги корите според обликот на тепсијата.Најпрво наредете 4 листови. Секој лист премачкајте го со путер.
На четвртата премачкана кора распоредете малку од смесата со ореви, колку да се прекрие целата кора.
Погрижете се да ви остане доволно смеса до крајот на склопувањето на баклавата. Продолжете да ги редите корите кои треба да се премачкаат со путер и да се попрскаат со ореви.
Оставете 4 листови за крај и уште 1 кора за прекривање на целата баклава. Покријте ја баклавата со 4 кори. Премачкајте три листа, но четвртиот не го премачкајте, бидејќи баклавата ќе се исече.
Баклавата може да ја исечете по желба. Најчесто ја сечеме на ромбови. Сега рамномерно премачкајте ја исечената баклава со путер.
Покријте со една кора кој можете тенко да ја премачкате само со масло. Баклавата е готова за печење. Се пече во загреана рерна вкупно 90 минути.
Печете на 200 степени првите 10 минути, а потоа намалете на 150 степени и печете уште 80 минути.
Извадете ја баклавата од рерна и извадете ја горната кора. Топлата баклава од рерна залијте ја со ладен сируп.
Постепено залевајте прво добро натопете ја баклавата до врвот и почекајте неколку минути да впие, потоа додајте уште малку сируп и почекајте да се впие, па досипете го остатокот..
Баклавата може долго да трае во фрижидер, станува се подобра и подобра колку подолго стои ако може да се сочува, ако не се изела премногу брзо. Постапката погледнете ја ОВДЕ: