Семките од лубеница главно завршуваат како отпад, а малкумина ги јадат за подобрување на дигестивниот тракт, бидејќи го олеснуваат празнењето на цревата. Меѓутоа, на овој начин, со самото нивно голтање, голем број од нивните состојки и лековити својства остануваат неискористени.
Потребно е да ги сварите, сомелете или пропржите семките од лубеница за да можете да ги искористите нивните лековити својства. Овие семки содржат доста диетални влакна неопходни за здрава дигестија и третирање на цревни паразити, жолтица и разни воспаленија.
Семките од лубеница се богати со цитрулин, органски соединенија со антиоксидативни својства. Ги релаксира и проширува крвните садови со што го помага лекувањето на артериосклероза, висок крвен притисок и ангина пекторис.
На почетокот од 20 век група научници од Америка направија истражување за да поткрепат тврдењето дека семките од лубеница се ефикасни за лекување на болести на бубрезите и уринарни инфекции.
Според нивните резултати, чајот од семки од лубеница е одличен диуретик и се препорачува кај пациенти кои треба да ги елиминираат камењата и песокот од бубрезите и уринарниот тракт.
Нутриционистите го препорачуваат следниот рецепт:
Сомелете 4 лажици семки од лубеница, а потоа варете ги во 2 литри вода околу 15 минути.
Оваа доза е доволна за два дена, но потрудете се рамномерно да ја распоредите количината.
Повторувајте ја постапката неколку седмици по следниот редослед: пијте два дена а третиот правете пауза.