Ова е тајната за совршено испржен модар патлиџан…Најлесниот начин кој сите ги воодушеви…

Наједноставниот рецепт за подготовка на модар патлиџан е да го испржите, а потоа да го потопите во маринада и да го оставите сѐ да впие. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 модар патлиџан
3 чешниња лук
1/2 китка свеж магдонос
1 лажичка лут пипер/мелена толчена пиперка (буковец)
40 мл маслиново масло

ПОСТАПКА:

Модриот патлиџан исечете го го на тркалца, ни премногу тенки, ни предебели, па потопете ги во вода да отстои 30-тина минути.

Во посебен сад измешајте маслиново масло, мелено лукче, буковец и сечканиот магдонос. Покријте ја маринадата со проѕирна фолија и оставете ја да отстои 20-30 минути.

Процедете го патлиџанот и со хартиена салветка отстранете ја влагата, па пропржете ги модрите тркалцата во нелепливо тавче намастено со многу малку масло.

Потоа обете страни од зеленчукот премачкајте ги со маринада и покријте ги со проѕирна фолија, па оставете ги модрите патлиџани да киснат половина час. Постапката погледнете ја ОВДЕ.