Рецепт и видео презентација: Том Филос
Здраво на сите, oва е СОПАРНИК, традиционален далматински специјалитет, но приготвен во домашни услови. Инаку, според оригиналниот рецепт сопарникот се пече под сач / вршник, на пепел и жар. Но, и вака е премногу вкусен! – поздрав до сите читатели на НМД.мк од врвниот мајстор за теста, Том Филос.
Потребни состојки:
400 г брашно
1 лажичка сол
40 мл маслиново масло
180 мл вода
за фил:
300 г блитва
сол по вкус
и уште: 4-5 чешниња лук, сол, маслиново масло за премачкување
Постапка:
Во подлабок сад ставете 400 г просеано брашно, една лажичка сол, 40 мл маслиново масло и 180 мл вода, па замесете со рака додека да се соединат состојките.
Кога ќе се формира тестото доработете го на работна површина без додавање на дополнително брашно. Формирајте топка од тестото и покријте го со проѕирна фолија додека го приготвувате филот.
За фил: Блитвата убаво измијте ја под млаз ладна вода и исцедете ја, па од секој лист отстранете го белиот, тврд дел од дршката. Листовите исечкајте ги ситно, нема потреба да ги варите или пржите.
Одмореното тесто премесете го еднаш па поделете го на два еднакви делови. На малку набрашнета површина од секој дел развлечете тркалезна кора.
Кората префрлете ја врз хартија за печење, претходно исечена според димензиите на плехот, па одозгора рамномерно распоредете ја сечканата блитва. Наросете со сол по вкус.
Поклопете со втората кора одзгора, а краевите соединете ги со витка. Со чепкалка избоцкајте ја на повеќе места и ставете да се пече во добро загреана рерна на 220 степени околу половина час.
За тоа време исчистете неколку чешниња лук па истолчете ги во аван со малку сол, па додадете малку маслиново масло колку да се добие паста. Печениот сопарник одозгора премачкјате го сосмесата од толченото лукче. Уживајте во вкусот, а постапката од видео презентацијата можете да ја погледнете во видеото: