Потребни состојки:
6 белки
200 г шеќер
2 лажици брашно
200 г мелени ореви
за крем:
6 жолчки
6 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
1 лажица брашно
500 мл млеко
200 г путер/маргарин
100 г шеќер во прав
200 мл слатка павлака за шлаг
Постапка:
Изматете снег од белки, додавајте шеќер постепено, па на крај со лажица промешајте ги оревите и брашното. Истурете во намастен и набрашнет калап па печете на 180 степени.
За фил: измешајте жолчки, шеќер, ванилин шеќер, пудинг и лажица брашно, па сварете ги во млекото како пудинг. Во изладениот пудинг додадете пенасто изматен путер со шеќер во прав.
Добиениот крем нанесете го врз печената и изладена кора, а одозгора завршете со шлаг. Украсете по желба, изладете во фрижидер и уживајте.