Кесите за печење се многу практични, а јадењето зготвено во нив е превкусно и сочно, затоа што се користат сопствените сокови, особено ако печете месо во нив. Ретко кој знае дека лебот печен во овие специјални кеси излегува мек како путер.




Во секој момент можете да имате здрав и топол леб на трпезата без да валкате многу садови што е многу практично. Ако сте големи љубители на леб, овој рецепт е за вас бидејќи не содржи квасец, шеќер и брашно.




Одличен е за дијабетичари, за луѓе кои се алергични или имаат интолеранција на глутен. Совршен за вегани и вегетаријанци, но и оние кои многу сакаат леб. Ќе се забавувате додека го подготвувате бидејќи постапката е играчка лесна.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г овесни снегулки, 2 мали лажици ситна сол, 3 големи лажици мелено ленено семе, 3 големи лажици чиа семки, 1 кесичка прашок за печиво, 500 мл топла вода, 1 кеса за печење.




ПОСТАПКА: За да го испечете овој леб ќе ви биде потребно специјална кесичка за печење на јадења која може да ја најдете речиси во било кој супермаркет. Во кесичката ставете ги овесните снегулки, посолете со 1,5 до 2 лажици сол и малку промешајте.




Додајте 2 лажици мелено ленено семе кое можете да го измелете и во блендер и 3 лажици чиа семки. Додајте 1 кесичка прашок за печиво и потоа внимателно прелијте со 500 мл топла вода и нежно промешајте.




Потребно е да добиете смеса која ќе биде лепива и ќе има конзистентност како влажен песок. Кога ќе ја соедините смесата, затворете ја кесата за печење и формирајте го лебот како векна. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 60 минути.




По изминатото време, со чепкалка проверете дали лебот е печен однатре, ако не е, како што беше во мојот случај ставете да се допече уште некое време. Јас ја покачив температурата на рерната на 220 степени за печењето да биде побрзо.




Лебот е навистина многу вкусен, обично по печењето го оставам под крпа да се олади малку, па го јадеме цел додека е топол. Многу е вкусен, но и здрав, семките даваат посебна арома на свежо печено лепче кое крцка во уста. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.