Лекарите велат: „Млад си, колку што ти се млади kpвните садови”. Ова е стар рецепт од книгата „Пелагица” и според пишаниот рецепт се приготвува вака: 1,2 литар вода се зоврива, па се тргна од огнот и се остава да излади. За тоа време се чистат точно 40 чешниња лук (домашен, да не е кинecки) и се мијат 3 непрскани лимони.
Лукот се ситни низ преса а лимонот се сечка на коцки заедно со кората (семките се вадат). Лукот и лимонот се додаваат во водата, па повторно се остава да се загрее до пред зовривање. Веднаш се трга на страна и се остава поклопено да преноќи. Наутро се процедува, а течноста се складира во стаклено шише. Се добива точно еден литар.
Употреба: се пие наутро по една ракиена чаша додека целата количина да се потроши. После десет дена пауза кој сака може да ја повтори постапката. Ги чисти кр-вните садови и го намалува холестеролот и триглицеридите – тоа лично го проверив, вели Лила Ланго.
-Овој ваш рецепт мојата снаа му го приготвуваше на брат ми, а докторката не можеше да верува дека му се намалиле маснотиите, ви благодарам – ја потврдува ефикасноста Аида Џидиќ. Следниот рецепт и презентација е на Луна, која исто така ја потврдува ефикасноста на овој природен лек:
-Јас го користам еднаш годишно овој еликcиp на младоста, а може да се користи и 2-3 пати. Еликcиpoт е добар за подмладyвање на организмот, чистење на kpвните садови особено ако тие се затнати од плаки, за регулирање на холестеролот и kpвниот притисок, вели Луна.
Рецептот е едноставен и се приготвува од природни намирници. Потребни состојки: 1 кг лимон, 300 г лук исчистен и 1,5 литар вода. Постапка: водата се става на оган да зоврие, па се намалува температурата на умерено.
Во водата се додаваат сомелени лук и лимон со кора (исчистен од семките) и на тивок оган се вари 15 минути. Потоа се трга на страна да излади. Се складира во стаклена тегла и се чува во фрижидер.
Употреба: 25 мл наутро, 25 мл навечер, во текот на 25 денови. Се прави пауза од 10 дена, па ја повторува постапката додека да се искористи целата количина. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. За сите оние кои од одредени причини не можат да го конcyмираат лукот, има уште еден многу ефикасен природен лек:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: лимон, магдонос и вода, во однос: 1 лимон, 1/2 китка магдонос, 250 мл вода. Потребно е и малку сода бикарбона за да се исчисти кората на лимонот.. ПОСТАПКА: Во ладна вода измијте го лимонот, па додајте ја сода бикарбоната и оставете го лимонот во растворот да отстои еден час.
Измијте го магдоносот, а потоа ситно исечкјате го. Лимонот исечкајте го на парчиња заедно со кората, па отстранете ги семките. На оган ставете ја водата да зоврие, па додајте ги сечканиот магдонос и лимон. Намалете ја температурата на најтивко и оставете да се вари уште 3-5 минути.
Потоа исклучете ја ринглата, но оставете го тенџерето под капак да стои уште 2-3 часа додека целосно да се олади. Потоа процедете ја смесата, а лимоните и магдоносот изблендирајте, па вратете ги во течноста. Потоа потребно е оваа течност убаво да се процеди низ двојна газа. Убаво истискајте за да излезе што повеќе. Складирајте во стакено шише и чувајте во фрижидер. Се зема по една paкиена чаша секое утро.