Направете домашна БАУНТИ ТОРТА за која ви се потребни само 10 минути. Направете домашен колач или торта со вкус кој сите го обожуваат. Овој колач е седмо небо за љубителите на БАУНТИ – готов за неполни 10 минути, без печење. Со полн кремаст вкус на кокос!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано, 100 мл млеко. ЗА ФИЛ: 500 мл млеко, 80 г пченичен гриз, 100 г шеќер, 200 г кокос. ГЛАЗУРА: 100 мл слатка павлака, 100 г црно чоколадо, 40 г путер.
ПОСТАПКА: Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко. Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно.
Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење, па се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне. Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората.
Се става во фрижидер или замрзнувач да излади. Слатката павлака се загрева со чоколадото искршено на коцки и се меша додека тоа да се стопи, па потоа се додава 40 г путер и се прелива како глазура. Прочитајте го и следниот рецепт за БАУНТИ колач БЕЗ ПЕЧЕЊЕ.
Рецепт и видео прилог на Том Филос – Баунти колач. За сите љубители на кокосот, ова е еден едноставен и многу брз колач кој ќе го спремите додека сварите кафе. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 750 мл млеко, 200 г шеќер, 30 г ванилин шеќер, 150 г гриз, 100 г путер, 250 г кокос. ЗА ГЛАЗУРА – ПОДЛОГА: 1 лажица млеко, 1 лажица масло, 100 г чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА – ПРЕЛЕВАЊЕ: 150 мл слатка павлака, 100 г чоколадо.
ПОСТАПКА: Во тенџере на умерен оган ставете 750 мл млеко со 200 г шеќер и 30 г ванилин шеќер. Мешајте додека млекото да зоврие, а шеќерот да се растопи. Потоа додајте 150 г гриз и 100 г путер и мешајте додека да се растопи.
Потоа постепено додавајте 250 г кокосово брашно. Смесата тргнете ја настрана малку да излади, па рамномерно распоредете ја во калап со облик по ваша желба, обложен со проѕирна фолија. Добро притиснете и израмнете.
За глазура – основа: На тивок оган ставете 1 лажица млеко, 1 лажица масло и 100 г чоколадо искршено на коцки. Загревајте и мешајте додека чоколадото да се растопи во мазна глазура. Прелијте го колачот рамномерно и оставете го фрижидер да излади. Потоа превртете го во чинија за сервирање и отстранете ја фолијата.
За глазура – прелевање: На тивок оган загрејте 150 мл слатка павлака и додадете 100 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини, а потоа прелијте го целиот колач и убаво премачкајте го од сите страни. Почекајте малку да се стегне, па послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.