Здраво, јас сум Розмари, па уште на самиот почеток, пред да ви го откријам рецептот кој ми помогна да ослабам за многу кратко време, сакам да ви порачам дека јас не сум нутриционист, ниту медицинско лице, па секој што ќе сака да го испроба мојот метод, претходно мора да се консултира со својот лекар.
Она што кај мене делуваше можеби нема да делува подеднакво исто кај секој човек. Секоја индивидуа е различна, со различен метаболизам, возраст, пол, како и различна здравствена состојба, па затоа секој мора да се прилагоди според сопствениот организам.
Ќе ви го откријам рецептот за напитокот кој јас го пиев, а кој мислам дека е заслужен за толку брзото слабеење. И претходно имав обиди со различни диети, со вежбање и слично, но никогаш не постигнав вакви резултати како со овој напиток.
Сите состојки од кои се приготвува овој сок се природни, освежителни и вкусни, па мислам дека секој со задоволство ќе го пие. Секако, треба упорност, максимално да се внимава на исхраната и да не се внесуваат „тешки“ калории, да се пие многу вода и да се има лесна физичка активност.
Под „лесна“ физичка активност мислам на долги прошетки и практикување на некои полесни вежби. Ако веднаш започнете со некои понапорни физички вежби, не само што ќе ви биде потешко во физички смисол, туку и организмот ќе ви бара повеќе храна, па почесто ќе бидете гладни. Значи, бидете мобилни, но не претерувајте со изборот на вежби. Не смеете да се исцрпувате.
Исто така, секогаш е добро да си ја имате „Саси“ водата (рецепт) во фрижидер или во термос, па секојпат кога ќе огладнете да ја пиете за да ве засити. Штом почувствувате глад, а не е време за оброк, зафатете се со некоја активност која ќе ви го одземе вниманието и нема да мислите на храна.
Ова се накратко моите „трикчиња“ кои ми помогнаа за толку кратко време да ослабам и тоа од сите места на кои имав „вишок“. Напитокот се пие наутро и навечер, на гладен стомак и после него не се јаде ништо најмалку половина час. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 краставица, 1 парче ѓумбиров корен 5 см, сок од 2 лимони, 1 ананас, 1 литар вода. За овој рецепт се користат органски производи зашто краставицата и ѓумбирот не се лупат.
ПОСТАПКА: Добро измијте ги краставицата и ѓумбирот, па исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во блендер. Ананасот добро измијте го, отсечете ги краевите, па одвојте ја кората од плодот. Кората исечете ја на поситни парчиња.
Исечканата кора од ананас залијте ја со еден литар вода и ставете на оган поклопено. Штом зоврие, оставете „еден клуч“, нека проврие помалку од една минута, па тргнете настрана и веднаш процедете ја течноста. Оставете целосно да се олади.
Во блендерот додајте го плодот од ананасот исечен на парчиња и оладениот „чај“ од кората. Миксајте неколку минути додека да добиете изедначена, мазна кашеста течност. Додајте сок од двежо исцедени два лимони, па промешајте.
Целата содржина поделете ја на два дела: првиот дел испијте го наутро, на гладен стомак и после тоа не смеете да јадете ништо најмалку половина час, а најдобро би било следниот оброк да биде после час-два. Вториот дел испијте го наместо вечера. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.