Ова е најдобриот трик како никогаш да не се лизнете на мраз и снег: Многу е едноставно! Северна Европа ја зафати екстремен студ, а наврна и големо количество снег. Ниските температури и студеното време стигнаа и кај нас.
Во меѓувреме, поттикната од временските прилики, една девојка од Шкотска открила паметен трик со кој може да се избегне лизгање по заледените патишта, а кој е многу едноставен.
Без разлика дали сакаме да признаеме или не, сите сме подложни на непријатни и драматични падови кога случајно ќе ни „летне“ ногата на мраз или снег, па затоа се исплати да бидеме подготвени.
Важно е да внимавате кога одите надвор, бидејќи површините најверојатно ќе бидат лизгави и замрзнати поради ниските температури.
Видеото на девојката по име Мел брзо стана вирално и надмина 1,8 милиони прегледи.
Мел прикажува како вади стари чорапи од фиоката за да ги искористи во својот генијален трик. Тие чорапи ги навлекува преку патиките и на тој начин се движи по ледените површини без страв дека ќе се лизне.
Насловувајќи го својот видео пост, Мел напиша: „Најдобар и најпотребен трик според мене… Чорапи што ги носите преку чевлите за да избегнете лизгање на мразот. Ќе ми заблагодарите подоцна“.
„Значи, ова се случува токму сега – апсолутна промена! Овој мраз е толку лизгав, па носете чорапи над чевлите. Ова менува сè!“, објасни таа.
Нејзините следбеници биле воодушевени од едноставниот и удобен трик и сакале да го испробаат што е можно поскоро, додека други биле загрижени за изгледот и можното „понижување“ поради истиот.
„Одам во продавница во моментов да земам машки чорапи за тренинг, бидејќи надвор има вистинско лизгалиште“, „Ова отсекогаш сум го правела“.
„Со чорапите врз чевли ќе привлекувам погледи, но јас нема да бидам таа која ќе паѓа на мраз.“ „Ќе го пробам ова! Ви благодарам!
Неодамна се лизнав и го скршив лактот, па сум апсолутно преплашен од повторно паѓање. Ова многу ќе ми помогне“, се само дел од коментарите.
„Моите деца би биле ужаснати ако ги одведам вака на училиште“, истакна една жена. Секако, вреди да се испроба. Видеото погледнете го ОВДЕ.
@mels_family_life BEST (most needed) HACK atm in my opinion… socks worn over your shoes – to avoid slipping on the ice. Thank me later 😉 #hackoftheday #hackoftheweek #snowuk2022 #mumsoftiktok #ukmumlife #fyp #besthacksontiktok #foryoupage #scottishtiktok