Од готови кори пригответе ја една од највкусните пити, онаа со шунка и кашкавал, а секако може со сирење, спанаќ, месо, крем, овошје или што и да посакате, по ваш вкус. Ова е најдобриот рецепт, а како што вели Дани, за само неколку минути го приготвува највкусниот појадок. Еве што ви е потребно за овој домаќински рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови кори (18 кори за пита, малку се подебели од оние за баклава), 2 јајца, 150 мл млеко, 1 супена лажица брашно, 1 мала лажичка прашок за печиво, малку сол по вкус, 50 г путер, кашкавал и шунка по вкус, а може и некој друг фил по ваш избор.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете две јајца и додајте 150 мл пресно млеко. На многу тивок оган или во микробранова печка растопете 50 г путер или маргарин, па почекајте малку да се подизлади и додајте го во млекото со јајцата.




Во мешавината додајте и една до врв полна супена лажица брашно, половина кесичка прашок за печиво и малку сол (околу една мала лажичка), па добро изматете со жица маталка или со миксер, како ви е полесно. Треба да добиете мазна изедначена смеса без грутчиња.




Отворете ги корите, па на работната површина поставете едно големо парче хартија за печење (со поголема димензија од корите). Ставете една кора па со кујнска силиконска четка премачкјате ја преку целата површина со приготвената смеса.




Одозгора прекријте со втора кора, а врз неа наросете рендан кашкавал. Потоа поклопете со трета кора, а неа исто така, премачкјате ја со приготвената смеса и поклопете ја со четврта кора.




Врз четвртата кора наредете тенки листови шунка, а приближно ќе ви бидат потребни 12 тенки листови со просечна големина. Поклопете со петтата кора, па и неа премачкјате ја преку целата површина со смесата од јајца. Поклопете со шеста кора и наросете рендан кашкавал.




После шестата кора се започнува виткањето на ролатот. Значи имате кора, кора, кашкавал, кора, кора, шунка, кора, кора, кашкавал. Се премачкуваат само оние кори врз кои нема фил, односно кога кора се поклопува со кора. Постапката повторете ја со остатокот од корите, така што ќе добиете три ролати.




Внимателно свитканите ролати наредете ги во плех со средна величина, обложен со хартија за печење, па одозгора премачкјате ги со остатокот од преливот. Добро премачкајте ги на горниот дел, но и од страните.




Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Печената пита оставете малку да подизлади, па сечете ја и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.