До проширување на вените доаѓа поради ширење на нивните ѕидови при дилатација, крвта поспоро тече и се задржува во нив. Притоа се чувстува тежина во нозете, доаѓа до отоци на скочните зглобови, се јавуваат грчеви, трпнење, чешање и јадеж; тоа се првите знаци дека постои проблем со крвотокот во вашите нозе.

Секако, не може да се исклучи и генетскиот фактор, бидејќи најчесто проблемите со проширени вени ги наследуваме од нашите родители или баби и дедовци.

Мускулите на нозете создаваат притисок врз крвните садови и на тој начин го олеснуваат движењето на крвта кон срцето. Затоа е многу важно да се лекуваат крвните садови навремено.

Веројатно сте слушнале за специјални чорапи кои можат ефикасно да го намалат отекувањето и болката предизвикана од проширените вени, но, за жал, тие само ги третираат симптомите, а не и причината. Од друга страна, еве еден рецепт кој успешно ја третира оваа состојба.

Потребни состојки:

½ шолја ситно сечкан морков

3 шолји алое вера гел

½ шолја оцет

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете хомогена мешавина. Кога вашата паста ќе биде готова, применете ја на проширените вени и покријте со завој.

Оставете пастата да делува 30 минути и подигнете ги нозете нагоре за да има уште подобар ефект, После половина час исплакнете со млака вода.

Повторувајте ја постапката до постигнување на саканите резултати.

Нвечер пред спиење правете вежби за стапалата со подигнати нозе, движејќи ги истите кружно, нагоре-надолу, нешто слично на вежбите за трудници во 7-8 месец за спречување на тромбофлебит.