Потребни состојки:

250 г путер/маргарин/маст

200 г шеќер

6 белки

250 г мелени ореви

250 г брашно

1 прашок за печиво

2 ванилин шеќер

за прелив:

6 жолчки

12 лажици шеќер во прав

2 ванилин шеќер

Постапка:

Пенасто изматете го путерот со шеќер. Посебно изматете ги белките во цврст снег, па потоа лесно и со лажица соединете ги.

На крај додадете брашно, ореви и прашок за печиво, па внимателно со лажица промешајте ги, да остане воздушеста смесата.

Излејте во намастен и набрашнет плех 38х22 см, па печете во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени одозгора.

Жолчките заедно со шеќерот и ванилин шеќерот пенесто изматете ги. Прелијте ги преку печениот колач додека е уште врел, па вратете во рерна уште 3-4 минути.

Исклучете ја рерната и оставете колачот така да излади во рерната.

Кога колачот е изладен сечете го на коцки или штангли.