Питата е многу вкусна и едноставна за приготвување, а можете да ја правите по посна или масна варијанта, во зависност од тоа дали ќе користите путер или маргарин.
Чашата која ја користите за мерење на сувите состојки е од 200 мл. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.
Потребни состојки: 2 чаши брашно, 2 чаши пченичен гриз, 2 чаши шеќер, 1 прашок за печиво и 1 ванилин шеќер. За фил: 1-1,5 кг јаболка, 1 ванилин шеќер, цимет по вкус, ½ чаша шеќер и уште ќе ви биде потребно: 150 г путер или маргарин (чашата што се користи за мерење е од 200 мл).
Постапка: сите состојки за тестото помешајте ги во едно (брашно, гриз, шеќер, прашок за печиво, ванилин шеќер), а потоа смесата поделете ја на три еднакви делаови.
Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семки, па потоа изрендајте ги. Помешајте ги со шеќерот и ванилата, а цимет додајте по вкус. И оваа смеса, исто така поделете ја на два еднакви дела.
Тепсијата во која ќе го печете колачот намастете ја со путер или маргарин. Потоа редете: суви состојки па фил, суви состојки – фил и завршете со суви состојки. Одозгора изрендајте путер или исечете го на тенки листови и распоредете го рамномерно.
Колачот печете во загреана рерна околу 45 минути на 180 степени. Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Нема да забележите дека недостигаат млеко, јајца и масло – Вкусен и сочен посен колач, брз и евтин рецепт
Посен чоколаден колач за пост на вода, добар рецепт за едноставен и брз колач. Може да се прави и секојдневно бидејќи многу е вкусен и сочен, не се забележува дека во него нема масло, млеко и јајца. Споделете го рецептот со вашите пријатели.
Потребни состојки: 400 мл вода, 250 г брашно, 1 прашок за печиво, 3 полни лажици џем (јас користев од јагода, но може било кој), 100 г шеќер во прав. За прелив: 2 лажици какао во прав, 50 г шеќер, 100 мл вода, 1 ванилин шеќер
Постапка: Веднаш вклучете ја рерната на 200 степени, бидејќи многу брзо се приготвува колачот, па додека таа се загрева, вие веќе ги измешате состојките.
Во еден подлабок сад во кој ќе го приготвите тестото, ставете шеќер во прав, па додадете вода и добро промешајте за да се раствори шеќерот. Потоа додадете 3 полни лажици џем и повторно промешајте со лажица, за да може и тој да се раствори.
На крај во смесата постепено започнете да го додавате брашното и најпосле и прашокот за печиво. Не треба да користите воопшто миксер, бидејќи состојките многу добро се мешаат и со лажица или жица-маталка.
Добиената смеса излејте ја во некоја помала тепсија обложена со хартија, рамномерно распоредете и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути (проверете со чепкалка кога е готова).
Користете некој помал калап кој го имате, димензиите не се важни, но за да ви биде повисок колачот, според количината на овие состојки потребен е некој помал плех или со средна величина.
За прелив: Во помало тенџерче ставете 2 лажици какао во прав, 50 г шеќер, 100 мл вода, 1 ванилин шеќер. Водата постепено додавајте ја во сувите состојки и мешајте за да се разбијат грутчињата. Ставете на оган и почекајте да зоврие.
Печениот колач извадете го од рерната и веднаш прелијте го со врелиот чоколаден сируп. Почекајте малку да го впие преливот. Одозгора наросете со кокос или мелени ореви или нешто по ваша желба. Оставете целосно да излади, па сечете го на коцки и послужете го.
Одлично одговара за со кафе или чај. Погоден е за било какви пригоди и одличен е за во период кога сте на пост на вода. Сите детали од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.