Фото и рецепт: Вонзи

Додека варите кафе, можете да го направите овој колач. Толку е брз!

Потребни состојки:

300 г бисквити (плазма или петит)
3 пудинг од ванила
9 лажици шеќер
1 литар млеко
200 г путер или маргарин
1 ванилин шеќер (бурбон)
4 лажици кисела павлака
4-5 банани
200 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

Ставете млеко, шеќер и ванилин шеќер да зовријат. Од 1 литар млеко одвојте малку за разматување на пудингот. Сварете го пудингот вообичаено и додека е уште врел, додадете путер исечкан на листови. Промешајте додека тој да се растопи и соедини со пудингот.

Додадете и кисела павлака и повторно изматете.

Бисквитите искршете ги, не мора да бидат многу ситни, па додадете ги во топлиот пудинг. Добро промешајте.

Во плех со средна величина (претходно намастен со путер) излејте половина од смесата и израмнете. Бананите пресечете ги на половина, наросете ги малку со лимонов сок и наредете ги една до друга. Излејте ја остатокот од смесата одозгора, израмнете и оставете да излади.

Врз изладениот колач нанесете изматена слатка павлака како шлаг. Можете да направите и чоколадна глазура така што во загреана слатка павлака ќе додадете искршено чоколадо. Промешаната смеса оставете ја малку да излади, а потоа нанесете ја врз колачот.

Coolinarika.com