Кога крвта ќе ослабе, тогаш на организмот му е ослабен и одбранбениот механизам, подложен е на инфекции и чести настинки. Покрај тоа, забележани се главоболки, поспаност, малаксаност и потреба за долгочасовно спиење, повеќе од нормалното.

Ова е еден стар народен рецепт кој се применувал во зимски период за зајакнување на имунитетот и опоравување после болести. Исто така, им се дава на луѓе кои не можат да ја зголемат својата телесна тежина, па колку и да јадат, тие секогаш се слаби.

Потребни состојки:

400 г свинска несолена маст
6-7 зелени јаболка
12 жолчки од домашни јајца
1 чаша шеќер или мед
400 г квалитетно чоколадо, мин 70% какао

Постапка:

400 г свинска несолена маст и 6 големи зелени јаболка, ситно сечкани се мешаат заедно и се ставаат во рерна да се печат на тивок оган. Додека се топи маста, направете го следново:

12 жолчки со 1 чаша шеќер пенасто изматете ги, додека да се добие бел крем. Постепено додадете

400 г квалитетно чоколадо, стопено на пареа.

Кога маста и јаболката добро ќе се стопат, се вадат од рерна и се прецедуваат низ сито или газа. Се мешаат со добиениот крем и смесата се остава да излади.

Добиениот производ се мачка на леб. Се јаде 3-4 пати дневно, со чаша топло млеко.

Има поволни ефекти при анемија, се добива на тежина, ја подобрува општата состојба, ги јакне белите дробови и помага при изнемоштеност.