ВКУПНО Потребни состојки:
1 литар млеко
12 лажици густин
8 лажици шеќер
200 г путер/маргарин
500 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење
Бисквити за основа
Постапка:
За бел крем:
200 мл млеко + 800 мл зовриено млеко
12 лажици густин
8 лажици шеќер
200 г путер/маргарин
*сварете како за пудинг (200 мл млеко изматено со густин додадете во 800 мл зовриено млеко со шеќер), па кога ќе излади додадете изматен путер.
За црн крем:
300 г чоколадо за готвење
500 мл слатка павлака
*загрејте ја павлаката на оган, но да не зоврие, па додека е топла додадете чоколадо искршено на коцки и мешајте за да се растопи и соедини.
редење:
Во подлабока тепсија наредете бисквити малку натопени во млеко, па врз нив ставете бел крем, а одозгора црниот крем.
Оставете преку ноќ убаво да излади во фрижидер.