Брз и вкусен колач.
Потребни состојки: 1 јајце, 5 лажици шеќер (100 г), 2 лажици квалитетно какао (25 г), 3 лажици пченични ‘ркулци (30 г) или наместо нив, мелени ореви, 1 рамна лажичка сода бикарбона, 1 рамна прашок за печиво, 150 г брашно, 200 г домашен џем од сливи (5 полни лажици), ½ лажичка цимет, 200 мл млеко и 4 лажици масло
За премачкување: Неколку лажици домашен џем од сливи (по вкус). За глазура: 80 г чоколадо за готвење и 1 лажица масло. По желба додадете: 1 рака суви сливи
Постапка: Изматете го јајцето со шеќерот, па додадете го џемот и течните состојки. Во втората чинија измешајте го просеаното брашно, какаото, циметот, прашокот за печиво и сода бикарбона.
Соединете ги влажните со сувите состојки со жица за матење, миксер не е потребен. На крај додадете пченични ‘ркулци (или мелени ореви), па измешајте со лажица. Смесата треба да биде со средна густина и лесно да се разлева.
По желба, во колачот можете да додадете и малку сечкани суви сливи на крај, претходно натопени и исцедени.
Смесата излејте ја во помал долгнавест, намастен калап. Печете во загреана рерна на 190 степени. Кога ќе се создаде коричка, малку намалете ја температурата. Ќе ви бидат потребни вкуспно 35-40 минути за да се испече (прилагодете го времето на печење според својата рерна и калапот).
Печениот колач превртете го на тацна. Додека е топол премачкајте го обилно со џем, така да има подебел слој одозгора. Растопете чоколадо и украсете одозгора со паралелни линии. Колачот е посочен кога малку ќе отстои. Наместо џем од сливи може да користите и други поцврсти џемови.