Поради лоша избалансираност на дигестивните сокови, ако имате чир, најчесто ќе имате мачнини наутро.

Чирот на желудник всушност претставува еден вид на отворена рана на слузокожата на овој орган. Киселините кои жлездите во желудникот ги произведуваат, ја иритираат оваа рана и тогаш доаѓа до непријатни симптоми.

Најчестиот знак за чир на желудник е болка во стомакот, кој обично се јавува под градната коска и стомачната шуплина.

ЕВЕ ГИ НАЈЧЕСТИТЕ СИМПТОМИ:

1.Појачана дигестија

Чирот може да предизвикува силни болки во текот на дигестијата и проблеми со гасови. Обично се јавува икање после секој оброк.

2.Мачнина

Поради лоша избалансираност на дигестивните соскови, ако имате чир на желудник, веројатно честопати наутро ќе имате мачнини.

3.Чувство на тежина во стомакот

Вообичаено е чирот да предизвика чувство на тежина, сличен на оној како ќе испиете премногу течности.

4.Симптоми на грип

Голем број пациенти, симптомите на чирот ги опишуваат како симптоми на грип: умор, немоќ, мачнина, слабост…

5.Губиток на апетитот

Остра и силна болка која пациентите ја чувствуваат и до неколку часови после појадокот, често предизвикува страв од јадење и губење на апетитот.

6.Необјаснив глад

исто така, типично е лицето кое има чир, неколку часови после јадење да почувствува силен глад. Но, тука не станува збор за вистинска глад, туку за јачина на дигестивните сокови.

7.Губиток на килограми

Со губиток на апетитот, логично е и да се изгубат неколку килограми.

8.Промена на бојата на столицата

Поради работата на цревата, вашата столица може да биде потемна, помека или дури да има траги на крв.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ АКО ИМАТЕ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК?

Здравата храна и свежите намирници се секогаш добар избор. Овошје, зеленчук, житарици и млечни производи со низок процент на млечни масти, како и интегрален ориз, нека бидат дел од вашата исхрана.

Обидете се што помалку да ја посолувате храната, од масло користете маслиново, а најмногу од сè е да посетите лекар, но и да си го слушате своето тело.

Од останатите совети, би набројале и дека не е паметно да се јаде пред спиење. На вашата состојба повеќе благопријатно ќе делуваат помали оброци, рамномерно распоредени преку целиот ден.