Случајно налетав на овој рецепт и решив да го испробам зашто имаше многу позитивни коментари и сите што го испробале пред мене беа воодушевени и задоволни. Едно од омилените јадења кај нас дома е мусаката, па често експериментирам со начините на подготовка и состојките кои се користат.




Понекогаш во меленото месо се додава ориз, некојпат разновидсен зеленчук, а наместо компир може да се употреби и некој друг зеленчук, како модар парлиња, тиквички, карфиол и слично. Овој рецепт е многу поблиску до оној на мајка ми, а кој го имав подзаборавено, само се разликува во неколку чекори што го прави дури и повкусен.




Се приготвува од истите состојки што ги користиме вообичаено за мусака и можеби содржи повеќе доматен сос од вообичаено. Но, да не должам, прочитајте го сами рецептот, а доколку имате некој предлог, би сакала да го прочитам во коментар и да го испробам. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 400 г мелено месо, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 мала лажичка слатка зачинска пиперка во прав, 1 мала лажичка оригано, ловоров лист, 400 г доматен сос (може и салца), кашкавал




ПОСТАПКА: Компирот измијте го, излупете го и исечете го на тенки полумесечинки и распоредете ги во голема длабока тава со малку масло. Ставете ги на умерено, до тивок оган малку да се пропржат колку да омекнат и да фатат коричка, 15-тина минути, под капак и со повремено промешување.




Компирите зачинете ги по вкус со сол, црн пипер, оригано и зачинска црвена пипер. Промешајте ги за да се распоредат зачините рамномерно, а потоа претурете ги во тавата во кога ќе се печат. Потоа преминете на подготовка на месото.

Последниот пат компирот го потпеков во рерна, а не на рингла (додека го подготвувам месото) и го добив истиот ефект, со тоа што заштедив на време, па за 15 минути сè беше готово, и месото и компирот. После само ми преостана да ги соединам и заедно да ги потпечам.




ЗА МЕСОТО: Во истата тава во која се пропржија компирите ставете го меленото месо и издинстајте го на малку масло додека да ја промени бојата. Потоа додајте го ситно сечканиот кромид и продолжете со динстање уште 2-3 минути, па додајте 400 г доматен сос. Зачинете со сол, црн пипер и оригано по вкус.




Промешајте и после 1-2 минути додајте го и ситно сечканото лукче, залијте малку водичка ако е суво (30-50 мл) и ставете ловоров лист. Промешајте, поклопете и оставете да се динста уште 7 минути со повремено промешување (проверување да не испарила водичката). Издинстаното месо претурете го врз компирите, рамномерно распоредете и израмнете.




Одозгора наредете неколку парчиња моцарела и наросете рендан кашкавал. Исто така, можете да наросите ситно сечкан млад кромид или праз, а некогаш ставам и сотно сечкана пиперка (и таа дава многу убав вкус). Наросете малку оригано и масло одозгора, па ставете да се пече во загреана рерна, 15 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.