„Дали и вие си го приготвувате овој лековит препарат од мед, ѓумбир, лимон, куркума и црн пипер? Ако не, тогаш време е да започнете, искремо ви го препорачувам. Ние домашните започнавме да го конcyмираме уште во септември, а ќе го јадеме до летото, вели Мирјана Бановиќ.
„Овие две тегли ги направив за моите синови, да јадат со нивните жени и деца, за да го зацврстат имунитетот, а тоа е најсилната одбpaна од разните видови грип и вирози. Кога човек има силен имунитет, болecтите не мy можат ништо.“
Во овој рецепт сите состојки се природни и познати по нивното силно антиинфламаторно и антивирусно дејство. Се додава и малку црн пипер зашто е неопходен за да се случат некои пpoцеси, но и полесно да се апcopбира куркумата.
Во комбинација заедно претставуваат одличен природен препарат кој секој треба да си го приготви, за да го сочува своето здравје. Како превентива се јаде секој ден по една супена лажица.
РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ½ тегла мед, може и повеќе, 4 полни супени лажици рендан ѓумбир, 2 сок 2 лимони, 2 лажици куркума во прав, 1 лажици мелен црн пипер. Набавете квалитетен природен мед, од проверен пчелар.
ПОСТАПКА: Една тегла мед испразнете ја до половина. Состојките можете да ги мешате директно во теглата или пак ако ви е полесно, испразнете ја во некој длабок и широк сад за полесно соединување на потребните состојки.
Во медот додајте 4 преполни (до врв полни) супени лажици рендан свеж ѓумбир. Смесата. Може да ја приготвите и со ѓумбир во прав, но оригиналниот рецепт е со рендан корен. Исцедете два свежи лимони и додајте две лажици куркума во прав и една лажица црн пипер.
Убаво промешајте за да се изедначи смесата. Ако собира уште во теглата дополнете ја со мед, ако не, оставете ја така. Пред употреба секојпат промешајте уште еднаш. Го правам со години и го препорачувам!