Оваа гибаницата ја обожава мојот маж, но и сите други кога ќе ја пробаат, бараат парче повеќе. Ја правам да биде богата, полна со фил, а во последно време откако поскапе маслото, почесто ја приготвувам, бидејќи во рецептот се користи многу малку.




И бездруго, оваа гибаница ја сакам токму затоа што не е масна како другите, а не е ни сува, туку таман како што треба. Гибаницата е дел од нашата традиција и нема куќа во која барем еднаш месечно не се приготвува, а на многумина им е омилена.




Ако не сте знаеле, називот потекнува од зборот „гибати“, а најголемата гибаница е направена во Мионица пред речиси 15 години, која тежела 127,38 кг и била долга 1.140 метри, па била запишана во книгата на Гинисовите рекорди. Еве што ви е потребно за оваа немасна гибаница:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови кори од 500 г, 450 г сирење, 100 мл млеко, 80 мл масло, 3 јајца, 1,5 лажичка прашок за печиво (речиси една кесичка), 1 чаша газирана вода и малку масло (околу 15-тина мл) помешани за прскање на корите. За прелив: 1 јајце, малку млеко и малку масло, како и сусам за наросување




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад изронете го сирењето, додајте ги јајцата, па посолете по вкус, односно според соленоста на сирењето. Потоа додајте го прашокот за печиво и изедначете ја смесата.




Додајте млеко и масло, па промешајте. Во една шолја ставете малку кисела вода и дотурете малку масло. На дното од намастен плех ставете една кора, испрскајте ја со мешавината од газирана вода, па попречно ставете втора кора, така што да преминува преку ивиците од плехот. Сочувајте две-три кори за прекривање.




Сега една по една корите натопувајте ги во филот, па така згужвани пакувајте ги во плехот, една покрај друга. Не ги притискајте премногу корите за да остане гибаницата воздушеста. Кога ќе наредите еден ред, започнете со редење на вториот и постапката продолжете ја додека да ви се потроши материјалот.




Кога ќе завршите, прелијте неколку лажици врз корите со мешавината од газирана вода. Преостанатите две или три кори употребете ги за да ја прекриете гибаницата одозгора. Секоја кора добро спакувајте ја, и со прстите подбутнете ја внатре, а потоа наросете ја со газирана вода.




За прелив изматете јајце, малку млеко (1 лажица) и масло (1 лажичка), па прелијте рамномерно преку гибаницата и одозгора наросете сусам.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути или додека да зарумени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.