Третманот на болести со народни лекови е одамна популарен. Отец Тадеј, еден од најпознатите православни духовници с традал од ревматизам кој му предизвикувал непод-нослива б олка во зглобовите, како и од затнати вени.
Отишол на лекар, но немало лекови за неговата состојба што целосно ќе го излекуваат. Побарал помош од народната медицина, а неговиот рецепт кој целосно го излекувал е запишан во старите книги.
„Се лечев во Белград. Според упатствата на сестра Борка, одев во една лековита бања со години. Топлата бања малку ми ги олеснуваше симптомите, но по некое време состојбата повторно се влошуваше. Лековите исто така. Често бев и многу уморен после третманот во бањата.
Понекогаш одев двапати годишно. Откога дознав за овој лек, не отидов никогаш повеќе и си реков што и да се случи – не одам. Мојата десна рака беше вко-чанета двапати. И лекарот ми велеше: вежбај, човеку, инаку ќе ја изгубиш и другата рака.
Имав постојана б олка. Кога и да ја кренев раката, ме б олеше. Не можев ни да се прекрстам. Имав една книга за народни билки и случајно ја прелистував. Книгата опишува лекар во Париз, кој лекувал ревматски неподвижни пациенти.
Случајот во книгата беше конкретно за лекување на една жена. Лекарот и дал на жената чај од лист црна рибизла, а жената станала од кревет и почнала да се движи. И тогаш му реков на брат ми да оди во расадник, да најде некаде и да купи садници колку ќе најде.
Тој најде 20 садници и ги донесе дома. Веднаш почнав да пијам чај од црна рибизла. Чајот се пие вака: Ставете 10 – 20 лисја црна рибизла во половина литар, во врела вода, зовриена вода. Оставете да отстојат 15 минути, а потоа процедете.
Чајот треба да се пие без шеќер. Едноставно без ништо, незасладен. Додека го пијам чајот често земам и лажичка мед под јазик и оставам медот да се слева кон грлото. И така наутро и навечер пиев од овој чај, а б олките по некое време престанаа. Со овој лек успеав да го излечам ревматизмот, проширените вени и гастритисот.
Листопадни грмушки од црна рибизла (Ribes nigrum) може да пораснат до висина од 1,5 метри и се одгледуваат првенствено заради нејзините вкусни, црни плодови полни со витамин Ц и антоцијанини кои им ја даваат црната боја.
Комбинацијата на овие две супстанции им помага на луѓето кои имаат чувствителни капилари и проширени вени. Рибизлите се препорачуваат и за луѓе кои стра-даат од дијабетес.
Семињата што се наоѓаат во овошјето од рибизла содржат масло богато со гама – линоленска киселина која има силно антиинфламаторно дејство. Затоа маслото од црна рибизла се препорачува за луѓе кои стра-даат од псоријаза.
Д-р Ендру Вале, одличен познавач на лековитите својства на растенијата, тврди дека маслото од семе од рибизла може да им помогне и на луѓето кои стра-даат од мултиплекс склероза. Препорачаната доза е 500 милиграми масло двапати на ден, а терапијата треба да трае најмалку 10 недели.
Листот од црна рибизла е многу ефикасен хербален лек за лекување на ревматизам, а особено на ревматоиден артритис. Докажано е дека листот на ова растение има одличен ефект врз сите заболувања предизвикани од прекумерни, неконтролирани и несоодветни реакции на имунолошкиот систем, затоа чајот, тинктурата и екстрактот од ова растение се препорачуваат и за алергиски заболувања.
Покрај флавоноидите, лисјата од рибизла содржат и танини, што е особено лековито за луѓето кои стра-даат од Кронова болест или хронично воспаление на дебелото црево.
Црната рибизла лечи и разни инфекции (особено на уринарните органи), а јапонските научници во 2001 година утврдија дека овошјето и маслото од црна рибизла имаат антивирусно дејство.
Благодарение на содржината на танини, се користи како благо и ефикасно средство за спречување на дијареа (особено во комбинација со лист од малина и дива капина).
За 1 ден исчезна б олката во зглобовите, овој лек се подготвува за 15 минути
Овој рецепт се состои од состојки богати со бромелаин, витамин Ц, силициум и магнезиум, кои не само што ги смируваат болките во колената и зглобовите, туку и ги зајакнуваат тетивите и лигаментите.
Иако б олката во зглобовите главно се јавува во старост, поради стареење на лигаментите и зглобовите, може да се припише и на лошо држење на телото или носење несоодветни обувки подолго време.
За среќа, постои ефикасен природен лек кој може да ви помогне да ја излечите б олката, без оглед на причината.
Потребни состојки: 1 шолја вода, 1 шолја овесна каша, 1 шолја исцеден сок од портокал, неколку коцки сечкан ананас, 1 лажичка цимет, половина шолја мелени бадеми и малку мед.
Подготовка: Ставете овесни снегулки во тенџере со вода и оставете ја да се готви неколку минути. Потоа тргнете од рингла и оставете да се излади пред да ја пренесете содржината во блендер.
Во блендерот додајте ананас, бадеми, цимет, сок од портокал и малку мед по вкус. Измешајте добро, додавајќи малку вода додека да ја добиете посакуваната густина.
Консумирајте секојдневно, а после првото пиење ќе почувствувате подобрување. Остатокот од сокот може да го чувате во фрижидер и да го испиете во наредните 2 дена. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска