Потребни состојки:
1 кесичка шлаг
150 мл млеко
200 г мелени бисквити
50 г шеќер во прав
50 г чоколадо
За смеса од пудинг:
500 мл млеко
4 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
За смеса од шлаг:
2 кесички шлаг од ванила
300 мл млеко
За наросување:
150 г мелени бисквити
За декорација:
1 шлаг и по желба чоколадни бисквити
Постапка:
Изматете го шлагот со млекото. Мелените бисквити измешајте ги со шеќер во прав, додадете во шлагот и соединете со миксер.
Чоколадото растопете го и додадете го во изматената смеса.
Пудинг смеса:
Одвојте малку млеко и во него разматете прашок за пудинг, остатокот од млекото ставете го со шеќерот да проврие.
Потоа додадете ја разматената смеса и со постојано мешање варете додека да згусне.
Шлаг смеса: крем шлагот изматете го со млеко.
На дното од десертната чаша ставете по лажица од чоко-плазмата, потоа две лажици пудинг, па една лажица чоко-плазма, па 1-2 лажици шлаг. Одозгора наросете 1 лажица бисквити.
Декорирајте со шлаг и рендано чоколадо или чоко бисквити.
Изладете пред сервирање.