Направете преубава освежителна торта со плазма, вишни и нутела, за само 15 минути.
Потребни состојки: 200 г шлаг, 200 мл ладна вода (или млеко од фрижидер), 200 г кисела павлака, 100 г вишни, 150 г мелени бисквити, 2 лажици лешников крем (нутела) и калап 22 см
Постапка: изматете го шлагот со ладна вода или млеко додека да добиете цврст шлаг. Во изматениот шлаг додадете 200 г кисела павлака, 100 г вишни, па уште еднаш кратко изматете за да се соединат состојките.
Добиената смеса поделете на три еднакви делови. Во првиот дел ставете две лажици нутела и убаво промешајте за да се изедначи.
Во вториот дел додадете 150 г мелени бисквити и исто така промешајте за да се изедначи смесата. Третиот дел оставете го непроменет.
Во калап за торти со пречник 22 см и обрач кој се вади (по желба обложете го со фолија, но не мора) прво нанесете го филот со мелени бисквити и рамномерно распоредете го како основа.
Како втор фил ставете го нутела-филот и рамномерно распоредете. На крај нанесете го последниот дел и израмнете. Тортата оставете ја преку цела ноќ да се лади во фрижидер. Следниот ден отстранете го обрачот, декорирајте по желба и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: