Оваа торта е лесна и освежителна, со богат вкус на кокос. Уште се нарекува и Кокос Хавана торта, за вистинки кокосољубители. Можеби делува комплицирано украсувањето, но вие секако точ дел можете да го прескокнете.

Потребни состојки за 4 кори: 6 белки, 6 лажици шеќер, 1 лажица сок од цеден лимон и 6 лажици кокос

За крем: 400 г крем сирење (Ella 0,9% мм), 200 г милерам, 300 мл слатка павлака, 5 лажици шеќер, 10 г желатин во прав, 100 мл сок од цеден портокал и 1 шишенце арома butter vanile Dr Oetker

За декорација: 2 кесички прашок за шлаг кој се приготвува со вода, 150 мл сок од цеден портокал, 80 г бело чоколадо за обрачот и малку кокос за наросување

Постапка: вклучете ја рерната на 180 степени. Голема тепсија од рерна (34х40 см) свртете ја наопаку и обложете ја со хартија за печење. Исцртајте 1 круг со пречник од 20 см и 1 круг со пречник од 18 см.

Земете уште хартија за печење и на неа исцртајте два круга со пречник од 18 см. Растојанието помеѓу двата круга треба да биде најмалку 1 см, бидејќи корите малку нараснуваат во текот на печењето.

Белките изматете ги со миксер со постепено додавање на шеќерот додека да се добие цврст снег. Додадете лимонов сок и кокос и уште малку изматете за да се изедначи смесата.

Првата исцртана хартија ставете ја врз тепсијата, па со помош на шприц внимателно нанесете ја смесата започнувајќи од кружницата, па со спирални движења исполнете го целиот круг (исцртувајте се помали и помали кругови од периферијата кон центраот на кругот).

Печете ги корите околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога се печени извадете ги и заедно со кората оставете ги да изладат. Додека се печат првите кори, на втората хартија нанесете ја преостанатата смеса, на ист начин. А додека се печат вторите кори, пригответе го кремот.

За крем: Прелијте го желатинот со 6 лажици вода и оставете да бубри 5 минути. Сирењето, милерамот, течната павлака, сок од цеден портокал и арома од ванила кратко измешајте со миксер за да се соединат систе состојки.

Набубрениот желатин растопете го на најтивок оган, додадете 4 лажици смеса од сирењето, загревајте со постојано мешање додека да се добие течна мазна смеса. Во тенок млаз додадете го во смесата од сирење и изматете со миксерот за да се соедини.

Веднаш се реди тортата: на тацна на која ќе се сервира тортата се става обрач за торти со пречник од 20 см. Во внатрешноста се наросуваат мелени лешници, бадеми или кекси (за да не се лепи кората). Кремот поделете го на 4 делови (секој дел околу 9 лажици).

Преку мелените лешници ставете ја кората со пречник од 20 см. Нанесете рамномерно четвртина од кремот (9 лажици), па повторно кора, повторно крем и се до крајот. Оставете да се стегне во фрижидер преку цела ноќ.

Поставување на обрач од бело чоколадо: Измерете ја висината на тортата, па според обемот исечете лента од хартија за печење која ќе одговара на димензиите на тортата. Јас исеков две ленти со должина од 33 и 30 см, а широчина 6 см. Поставете ги на пластична тацна. Белото чоколадо растопете го на пареа или во микробранова печка, па со шпатула рамномерно распоредете врз хартијата.

Оставете малку да излади колку да се згусне како еурокрем (не ја оставајте премногу долго, затоа што ќе се стврдне). Приближно доволни се 5 минути за да се згусне. Потоа хартијата со чоколадо залепете ја на тортата од двете страни, па оставете ја во фрижидер 10-тина минути. Внимателно отстранете ја хартијата, така што чоколадото да остане залепено за тортата.

Украсување: Измешајте шлаг и сок од портокал, па потоа добро изматете со миксер. Со помош на шприц исцртајте ружички и декорирајте ја целата торта. Одозгора наросете кокос.

Coolinarika.com