Остана уште ова да пробам бидејќи ништо не помагаше, толку бев болежлива и само овој едноставен лек ми користеше. „Секој месец настинував, па понекогаш завршував и на антибиотици бидејќи често добивав пневмонија.




Особено во зимските месеци, се случуваше да качам и висока температура и не можев да станам од кревет со недели. Пробав сè, а искрено да ви кажам не се ни надевав дека толку едноставен лек ќе ми помогне да си го зајакнам имунитетот.“




Одлична мешавина од лековити билки која заштитува од настинки и грип, а на организмот му служи и како енергетски напиток. Есента е време кое со себе ни носи чести настинки, па најдобро е да влијаеме превентивно уште на самиот почеток, пред појавата на вирусни инфекции.




Така на пример за намалување на температурата најдобро е да се пие чај во комбинацијата од нане, липа и бозел. Ви го претставуваме чајот „4 арамии’’ кој ги спречува бактериите, грипот и настинките, а воедно го зајакнува имунолошкиот систем.




Зошто чајот се нарекува „4 арамии“? – Легендата вели дека во 17. век во Франција владеела чу-ма во градот Тулузa. Четворицата арамии ги огpaбувале куќате на умре-ните и зара-зените, а ниту еден од нив не се зара-зил.




Кога конечно ги фатиле крад-ците, ги осудиле на с мрт, но им била дадена шанса за слобода ако ја откријат тајната за тоа, како успеале да се заштитат од зара-зата. Тие им откриле дека нивните мајки редовно им приготвувале мешавина од оцет во која потопувале жалфија, рузмарин, мајчина душица и лаванда. Со оваа смеса се мачкале по телото, a некои од нив и ја пиеле.




Од овој рецепт излегува 1 литар чај, потребната количина која треба да се испие во текот на денот. Потребни состојки: 1 чајна лажичка сува жалфија, 1 прстофат сув рузмарин, 1 прстофат мајчина душица, ½ прстофат сува лаванда, 1 литар вода, 1 голема лажица мед (може и по вкус) и 1 лимон.




Постапка: Загрејте ја водата до вриење па во неа ставете ги билките и гответе уште една минута. Тргнете го чајот од оган и оставете го да отстои поклопено уште 10 минути. Процедете, оставете да излади, па додајте ги медот и лимонот.




Чајот штити од вируси и бактерии, но истовремено ќе ве разбуди како што тоа го прави утринското кафе, ќе ви ја обнови енергијата и ќе ве оcлободи од хроничниот замор. Затоа избегнувајте да го пиете навечер пред спиење.




КОМБИНАЦИЈА ПРОТИВ ВИРУСИ – ракија и мед: 1 лажица мед или шеќер, 200 мл ракија, 100 мл вода, малку црн пипер. Постапка: Во ѓезве ставете го медот или шеќер, па на оган да се растопи и карамелизира. Промешајте.

NMD.mk

Додајте ја ракијата, а потоа разблажете со вода по желба, а ако ја сакате силна ракијата, не мора да додавате вода. Оставете да зоврие. Сервирајте во чашички, додајте црн пипер, промешајте и полека пијте. Ако за два дена не ви поминуваат симптомите на настинката, најдобро е да се јавите кај вашиот лекар.

NMD.mk