Состојките се дадени како основна мерка за смесата од која може да си правите проички во калапи за мафини, или пак пита, а можете дури да ја печете и во калап за куглоф.

Освен сирење по желба можете да додадете и малку сечкана црвена пиперка, младо кромитче, рендана тиквичка, малку спанаќ, сечкана шунка или сувомеснато по избор…Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 

2 јајца
1 чаша (180 г) јогурт
2 чаши пченкарно брашно
1/2 чаша масло
1/2 кесичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
300 г ситно сирење

Постапка за рецепт 1:

Со жица изматете хи јајцата, додајте јогурт, брашно, прашок за печиво и сол, па изматете да се соединат состојките. Додајте го ситното сирење, промешајте и полнете намастени калапи за мафини. Печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 

Основна смеса:
2-3 јајца
1 чаша јогурт (180 г)
1/2 чаша масло
1 рамна лажичка сол
10 полни лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
ЗА ФИЛ: сирење, маслинки, оригано, кисели краставички, сувомеснато…

ПОСТАПКА за рецепт 2:

Пенасто изматете ги јајцата со сол, па додајте масло, јогурт и на крај брашно помешано со прашок за печиво. Во тестото додајте сечкано „она што имате во фрижидер“, промешајте и полнете ги калапите за мафини, претходно намастени со путер.

Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 190 степени.

РЕЦЕПТ 3 – Потребни состојки: 

3 јајца,
200 мл јогурт,
100 г путер,
200 г ситно сирење,
200 г пченкарно брашно,
100 г бело брашно,
1 прашок за печиво,
100 мл газирана вода
малку сол

Постапка за рецепт 3: 

Можете да ги матите јајцата цели, но секогаш подобро излегуваат ако се одвојат белките од жолчките. Значи, одвојте ги белките и со прстофат сол изматете ги убаво со миксер додека да добиете цврст снег.

Потоа додека сè уште матите со миксерот, постепено додавајте ги една по една жолчките и соединете ги во пенливата смеса. Во изматените јајца додајте го јогуртот, а потоа и изренданото сирење.

Промешајте со лажица па додадете го изренданиот путер.  Најпосле додадете го брашното помешано со прашок за печиво. Промешајте добро за да се изедначи и доколку смесата е премногу густа разредете ја со газирана вода.

Со помош на лажица полнете ги калапите за мафини, претходно добро намастени со путер (или хартиени корпички за мафини), или пак целата смеса излејте ја во соодветен калап.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околѕ 20 минути или додека да бидат печени.

Сoolinarika.сom