Откако го испробав овој рецепт, повеќе не ја пржам рибата, кујната не ми се замирисува и заштедувам на време. Истата постапка може да се примени и на било кој друг тип на риба, иако секоја од нив си има свој специфичен начин на приготвување.
Бидејќи осличот е нашата омилена риба, поевтина е од другите а не заостанува зад квалитет и нема ситни коскички кои се напорни за чистење, рецептот се покажа како совршен токму за овој тип. Добива златна и крцкава коричка, а месото внатре е многу сочно и вкусно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Ослич риба, сол, пченкарно брашно, слатка зачинска пиперка. По желба и по вкус може да додадете и лута зинска пиперка, зачин за суфлаки или специјален сув зачин за риба, или пак билки и зачини по сопствен избор.
ПОСТАПКА: Од парчињата риба отсечете ги перките, а потоа внимателно со многу тенок и остар ноќ отстранете ја кожата и исчистете ја утробата. Со помош на хартиени салфетки отстранете го вишокот влажност од рибата, од двете страни.
Потоа исечете ја на кременадли или парчиња со големина по ваш избор. Доколку сте набавиле смрзната и претходно средена и исчистена риба, прескокнете го овој чекор. Исчистената и исечена риба посолете ја по вкус, а солта добро втријте ја од сите страни.
Во посебна чинија ставете пченкарно брашно, па помешајте го со малку слатка црвена зачинска пиперка, малку сув зеленчуков зачин (вегета), па промешајте за да се распореди рамномерно. По желба додајте и зачини по ваш избор.
Плехот од рерна или огноотпорен сад, обложете го со хартија за печење. Потоа хартијата со помош на кујнска четка намастете ја со малку масло за готвење. Секое парче риба добро извалајте го во зачинетото брашно за да се обложи од сите страни.
Вака подготвените парлиња риба наредете ги во обложениот плех и одозгора секое полијте го со малку масло. Печете ги во добро загреана рерна на 200 степени, а после 20 минути превртете ги да се допечат уште 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.