Тиквичките се многу корисни за многу болести – на гастроинтестиналниот тракт (вклучително и жолчната кеса), анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија, дебелина.

Поради високиот процент на диетални влакна, се намалува ресорпцијата на масти, па затоа се погодни за диета при зголемен холестерол и триглицериди. Калиумот и магнезиумот делуваат на намалување на крвниот притисок.

Познати личности кои ја држеле оваа диета со тиквички се: Софија Лорен, Ален Делон, Катрин Денев и многу други.

Ако издржите еден месец на оваа диета – без проблем ќе се ослободите од 4-6 килограми. Ако се придржувате една седмица – загарантирано е губење на 2-3 килограми. Покрај слабеењето ќе го ослободите својот организам од штетните материи и ќе го освежите целокупното здравје.

Покрај тиквичките во исхраната можете да вклучите и сиров морков и зелка. Во попладневните часови јадете неколку краставици, а за да му се подобри вкусот на зеленчукот – во салатите се додава лажичка растително масло и малку лимонов сок.

Менито на диетата со тиквички вклучува и консумирање на овошје. За време на ручекот, вечерата и ужините, дополнете го вашиот оброк со јаболко, киви, мандарина, портокал или сливи.

 

*Исхраната за да биде што повеќе избалансирана, таа мора да содржи и протеини, а тоа подразбира присуство на телешко, немасно говедско, мисиркино, пилешко и зајачко.

*Месото може да го замените со риба, но во овој случај предност има речната риба, бидејќи морската не е многу погодна за оваа диета.

*За пиење се користи обична вода (колку повеќе, толку подобро), зелен чај без шеќер, природни сокови (јаболко, портокал)

*За време диетата со тиквички треба да исклучите: пекарски производи, леб, слатки, кафе, алкохол.

*Предност имаат тиквичките со темнозелена кора, кои не треба да се лупат, бидејќи на тој начин се губат 80% од хранливите материи.

 

ПРИМЕР ЗА МЕНИ ОД ЕДЕН ДЕН:

Појадок: динстани тиквички (250 г) со зеленчук (150 г), чаша зелен чај.

Ужина: 1 јаболко, чаша сок од портокал или вода.

Ручек: запечена тиквичка (300 г), парче варено месо (200 г), 1 киви или неколку сливи и чаша зелен чај.

Ужина: Запечена тиквичка (250 г), салата со зелка и морков (250 г), чаша сок од јаболко.

Вечера: 100 г суви сливи или 2-3 свежи сливи, чаша сок од јаболко или зелен чај.