Откријте која неверојатна мала промена во исхраната може да ви помогне да изгубите половина килограм месечно без мака и без теретана.

Равенката за губење килограми одамна е јасна – трошете повеќе калории отколку што внесувате.

Но една речиси мала, едвај забележлива промена може да ви помогне да консумирате 206 калории помалку дневно, според најновото истражување од Универзитетот Илиноис.

Иако овие бројки не се големи, намалувањето на калориите на дневно ниво може со ова темпо кај просечен човек да влијае со губење на 10 килограми во рок од 6 седмици.

ТРИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАШИ ДНЕВНО

Прашувате за каква промена станува збор? Консумирајте три доплнителни чаши вода дневно!

Кога истражувачите ги интервјуирале 18 000 луѓе и ги анализирале нивните прехрамбени навики во текот на два дена, откриле дека луѓето кои пијат повеќе вода, внесуваат помалку калории во својот организам.​

Не е тешко да се сфати причината – замената со засладени пијалаци резултира со намалување на калориите.

Пиењето вода исто така, ќе ви помогне да го намалите чувството на глад, односно да се зголеми чувството на ситост, па со самото тоа ќе јадете помалку, објаснуваат научниците.

Учесниците во студијата во просек пиеле 4,2 шолји вода дневно. Не постои одредено правило колку вода е потребно за да останете целосно хидрирани, но во студијата, секоја дополнителна чаша вода е поврзана со намалување на тоталниот внес калории.

Секоја дополнителна чаша вода која ќе ја испиете, ви помага да внесете 69 калории помалку, две шолји ќе ви помогнат да внесете 137 калории помалку, а три дополнителени чаши вода ќе ви помогнат да го намалите дневниот внес на калории за дури 206 калории.

Затоа, доколку веќе не сте ги замениле газираните и засладените пијалаци со вода, размислете тоа да го направите, бидејќи станува збор за еден од најбезболните начини за губење на вишокот калории.