Наместо кафе рано наутро, нутриционистката и’ препорачала да пие зелен чај. Па ајде да видиме какво е искуството на Марија Шерифовиќ и каква диета таа спровела. Целото искуство можете да го погледнете на нејзиниот јутјуб канал кој ќе го најдете подолу на линкот.
Диетата на Марија се заснова главно на салати, младо сирење, риба туна и бело месо. На самиот почеток од видеото таа ги повикува своите фанови да и се придружат на седмодневниот план на исхрана и да учествуваат во нејзиното искуство, а секако и на резултатите.
Но, таа напоменува дека ова е лична диета изготвена само за неа и не се препорачува за секого: “Ова е план за исхрана изготвен според мојата телесна тежина и крвна група, а секој посебно треба да си го пронајде својот одговарачки план, кому што му одговара.
Седум дена ќе се хранам здраво и се надевам дека нема да ја прекршам диетата. Зелениот чај е задолжителен и тоа е нешто со кое морам да го започнам секој ден – вели Марија на својот јутјуб канал и објаснува дека таа пие најмалку по три големи шолји чај секојдневно.
Во текот на диетата и овие седум денови предвидени за детокс, Марија Шерифовиќ неколкупати беше гладна, но некако успеваше да му одолее на искушението и да продолжи здраво да се храни. Во текот на оваа една седмица таа успеа да ослабе 2,8 килограми.
Тоа е голем успех, вели таа, секако дека можеше и подобро, ама и овој резултат е добар. Е сега, немојте да се надевате дека секоја недела ќе биде вака, бидејќи на самиот почеток доаѓа да осфрлање на вишокот течности и токсини – заклучува Марија задоволна од резултатите од првата недела.
Нејзината диета била приготвена според нејзината крвна слика и според нејзината телесна тежина, а во предвид била земена и нејзината крвна група. Нутриционистката која била задолжена за нејзината исхрана е Ана Петровиќ со која веројатно и претходно имала соработка.
Секое утро таа мора да го започне со зелен чај, а според видеото таа пие големи количини и како што објаснува, таа секако го пиеле овој чај и во денови кога не е на детокс – диетален режим. Би било убаво да се испие еден литар зелен чај, вели таа, а еве на пример, јас за појадок испивам две шолји чај, а во текот на денот уште една шолја.
Не е во ред да го пиете многу доцна, туку најдоцна некаде до 5-6 часот или нешто подоцна доколку си легнувате многу доцна како мене. Кога ќе го испиете зелениот чај многу е важно да појадувате некаде околу 60 до 90 минути откако сте се разбудиле.
Голем број луѓе главно имаат проблем кога сакаат да држаат диета, бидејќи немаат кој да им приготви мени за јадење, но јас однапред се договарам со Ана и таа ми ја приготвува исхраната, ми ги приготвува оброците, а потоа ми ги испорачува истите. Ова не е платена реклама, напоменува таа, туку ова го правам од љубов.
Во приготвениот пакет таа има комплет оброци, за вечера, салати, зачини, појадок, ручек и уште неколку додатоци. За појадок таа има омлет од две цели јајца и две белки. Некогаш смее со јајцата да јаде и двопек. Марија исто така напоменува дека додека се јаде, мора да ужива во тоа јадење.
Најчесто се случува додека сте на диетален реж-им да чувствувате силна глад и да бидете многу гладни. Затоа уживајте во вашите оброци, вели таа. Однесувајте се како да ги јадете најомилените оброци во светот и што е бајважно, немојте да зборувате додека јадете или било што нешто друго што ќе ви го одвраќа вниманието од јадењето.
Исклучително е многу важно да правите растојание помеѓу оброците не помалку од 3,5 часа и не повеќе од четири часа. Затоа одам да гледам некоја серија и да играм плејстејшн 5 (за да ми поминат три ипол часа).
За ручек таа има тиквички печени на скара, салата и две парчиња пилешко месо до 300 г. Многу е важно исто така, дневно да испиете најмалку 1,5 – 2 литри вода. Ова јадење е вкусно, но морам да признам дека по малку е и досадно.
Во текот на седумдневната диетална исхрана многу е важна и физичката активност, а за мене тоа е се најмалку 10 000 чекори, вели Марија и го одбедува своето куче миленик на прошетка во паркот. За вечера таа има туна, салата и пие уште еден чај. Остатокот од нејзините диетални денови во овој ре/жим можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.