За Васината торта се смета дека е автентична српска торта чиј рецепт датира уште од дамнешната 1908 година.
Време за приготвување: 60 минути (20 парчиња)
Потребни состојки за кора:
5 јајца
60 г шеќер
1 супена лажица меко брашно
50 г мелени ореви
За фил:
4 жочки
60 г шеќер
125 мл млеко
125 г шеќер
200 г мелени ореви
200 г путер
1 портокал
За шлаг:
4 белки
250 г шеќер
180 мл вода
Одвојте ги жолчките од белките. На ситно ренде изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот.
Од белките изматете цврст снег. Со постојано мешање додавајте шеќер, и матете додека тој да се растопи. Додадете брашно, ореви и жолчки, па мешајте со лажица.
Смесата истурете ја во приготвен плех и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути.
Оревите за фил потопете ги во млеко со 125 г шеќер и крако проварете.
Жолчките и 60г шеќер пенесто измиксајте ги на пареа, па изладете.
Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, кремот од жолчки, кората и сокот од портокал, па добро соединете ги сите состојки.
Изладената кора премачкајте ја со филот и украсете со шлаг од белки: Водата ставете ја да зоврие со шеќерот, и гответе додека да стане густ сирупот како мед.
Белките изматете ги во цврст снег па со постојано мешање додавајте од сирупот.