Рецепт и видео презентација на Мои Домашни рецепти – Оригинален рецепт за ќебапи. Секому добро познатиот мирис и вкус на ќебапи оживејте го и во вашите домови. Никој не може да им одолее на привлечните ќебапи!
Потребни состојки: 1 кг јунешко мелено месо, 2 главици кромид и лажичка сув зеленчуков зачин (вегета), 1 лажичка сол, 1 лажичка црн пипер, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка буковец, 1 рака свеж магдонос, 80 мл газирана вода, 100 г брашно.
Постапка: Во подлабок сад каде ќе ја замесите смесата ставете го меленото месо. Главиците кромид (со големина на дланка) излупете ги и изрендајте ги и додадете ги во месото. Зачинете со една лажичка сув зачин, една лажичка сол и една лажичка црн пипер.
Во смесата додадете и една лажичка сода бикарбона, 1 полна лажичка буковец благ, една рака ситно сечкан свеж магдонос. Во смесата уште додадете 80 мл газирана вода и 100 г брашно. Со зарака замесете ги сите состојки со месото, додека да добиете компактна смеса.
Добиената смеса наполнете ја во специјален шприц за правење ќебапи, а доколку немате таква, може да наполните пластично шише и преку отворот да ги истискувате ќебапите со посакувата величина.
Ќебапите сечете ги со ножици и редете ги во плех обложен со хартија. Оставете ги да одморат во фрижидер 40 минути, а можете да ги чувате и во замрзнувач, па по потреба да си вадите и да си печете или пржите откако ќе одморат 1 час.
Највкусни се кога се печени на скара, но во отсуство на истата можете да ги пржите во тава на малку загреано масло.
Ако ги печете во рерна, тогаш само наросете ги со малку масло одозгора и ставете ги во добро загреана рерна на 220 степени околу 15-20 минути. После 10 минути треба да се превртат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.