ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ:

6 јајца

1 ванилин шеќер

10 лажици шеќер

6 лажици брашно

1 литар млеко

2 лажици густин

1 шлаг кесичка или 200 мл слатка павлака

КРЕМ ЗА ВИСОКА КРЕМПИТА:

6 јајца

20 лажици шеќер

2 ванилин шеќер

1 кутија (400 г) густин

6 лажици брашно

500 мл вода

2 литри млеко

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот, додадете брашно па сварете во млекото. Тоа значи да се меша на тивок оган барем 10-15 минути додека убаво да згусне.

Кога смесата малку ќе излади, додадете го изматениот шлаг и лесно, со лажица промешајте.

Кремот ставете го на лист за кремпити, прекријте со друг лист исечен на квадрати и наросете со шеќер во прав.

ЗА ВИСОКА КРЕМПИТА:

Изматете 6 жолчки со 10 лажици шеќер и додадете густин, помешајте со вода и брашно, па сварете во млеко.

Изматете цврст снег од 6 белки и 10 лажици шеќер, па лесно измешајте во малку изладениот крем и филувајте во подлабока тепсија помеѓу два листа, а горниот веќе да биде исечен на коцки за полесно да се сече.

Ова е рецепт само за кремот, а толку многу е вкусен што можете да го користите за полнење принцес крофни и други колачи.