Рецепт за ванилин крем од слаткарницата „Лала“
Ванилиниот крем од некогашната велешка слаткарница „Лала“ е вистинска носталгична посластица, чиј вкус ги враќа спомените на многу генерации.
Овој едноставен, но неодолив рецепт, пренесен од Јулијана Миовска, ќе ви овозможи да ја оживеете магијата на овој крем во вашиот дом.
Совршен за послужување во чаши, овој десерт е идеален за секоја прилика, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2,5 литри вода
– 1 килограм шеќер
– 500 грама брашно
– 250 грама маргарин
– 2 кесички ванилин шеќер
Постапка:
1. Во длабок сад измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното со ладна вода. Мешајте постепено за да избегнете формирање грутчиња, додека да добиете хомогена смеса.
2. Ставете ја смесата да се вари на умерена температура, постојано мешајќи, сè додека да се згусне и добие кремаста текстура, како пудинг.
3. Оставете го кремот да се олади на собна температура.
4. Во меѓувреме, изматете го маргаринот, кој претходно сте го оставиле на собна температура, додека да стане пенаст.
5. Кога кремот е целосно оладен, постепено соединете го со изматениот маргарин, мешајќи внимателно за да се добие мазна и еднолична текстура.
6. Послужете го кремот во чаши, по желба со помош на шприц за декорирање.
Уживајте во автентичниот вкус на овој традиционален велешки десерт!





































