ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА ТУРСКИ СЛАДОЛЕД…Само 3 состојки…Ќе бидете воодушевени од овој вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Основна смеса:
800 мл млеко
150 г шеќер во прав
40 г скроб/нишесте/густин

Со вкус на чоколадо:
150 мл млеко
40 г какао во прав
40 г шеќер
40 г чоколадо

Со вкус на кикирики:
100 г кикирики, сечкани
100 г суво грозје (жолто+кафеаво) кратко попарени со врела вода
1 лимон: рендана кора и сок

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере загрејте 700 мл млеко на умерена температура. Тастворете ги скробот и шеќерот во 100 мл млеко, па додајте ги во топлото мелко и варете со непрекинато мешање додека да згусне.

Оставете целосно да се олади, па поделете ја на 2 дела.

2.На умерена температура загрејте млеко, какао и шеќер. штом зоврие и се соединат состојките тргнете од оган и оставете да се олади.

3.Во првиот дел од кремот додајте ја чоколадната смеса, промешајте и сипете во соодветен сад. Одозгора изрендајте чоколадо, па оставете во замрзнувач покриено со фолија и капак.

4.Во вториот дел од кремот додајте го сувото крозје, кикирикиките, лимоновиот сок и ситно ренданата кора. Сипете во соодветен сад и оставете поклопено во замрзнувач. Постапката погледнете ја ОВДЕ.