Оригинален рецепт за лимонада… Нема подобар и поосвежителен летен напиток од овој…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 мл лимонов сок (5 лимони)
5 лажици шеќер
1 литар вода
ПОСТАПКА:
1.Изрендајте ја кората од лимоните, но само жолтиот дел и помешајте ја со шеќерот. Оставете да отстои најмалку 30 минути, а може и преку цела ноќ (ако приготвувате за следен ден).
2.Лимоните исцедете ги и сокот помешајте го со рендана кора. Мешајте неколку минути за сето добро да се раствори и изедначи, а потоа процедете низ цедалка.
3.Додајте 1 литар вода, промешајте и вашата лимонада е спремна. Послужете со коцки мраз, неколку ливчиња нане…