Кремпитата е омилен колач на сите љубители на кремозните колачи со вкус на ванила. Несомнено ова е еден од најпопуларните колачи кој до ден денешен сите го сакаат.

На Интернет може да се прочитаат безброј рецепти за приготвување на оваа слатка, во најразлични варијанти. Но, се чини дека овој крем е најубав и најчесто користен во слаткарниците, па запишете си го рецептот. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки за крем: 6 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 10 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1 литар млеко, 2 лажици густин, 1 шлаг кесичка или 200 мл слатка павлака

Крем за висока кремпита: 6 јајца, 20 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 кутија (400 г) густин, 6 лажици брашно, 500 мл вода, 2 литри млеко

ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот, додајте брашно, па кога ќе се изедначи да нема грутчиња, сипете го млекото и сварете го. Тоа значи дека треба да се меша на тивок оган барем 10-15 минути додека убаво да згусне.

Кога смесата ќе подизлади, изматете ја со миксер за да стане кремаста, па додајте го претходно изматениот шлаг и лесно, со лажица промешајте за да добиете фин крем со нежна структура.

Кремот распоредете го на лист за кремпити (зависно каков имате, може од лиснато тесто или обичен пандишпан), прекријте со друг лист исечен на квадрати и наросете со шеќер во прав.

За висока кремпита:

Изматете 6 жолчки со 10 лажици шеќер и додајте густин, помешајте со вода и брашно, па сварете во млеко.

Изматете цврст снег од 6 белки и 10 лажици шеќер, па лесно измешајте во малку изладениот крем и филувајте во подлабока тепсија помеѓу два листа, а горниот веќе да биде исечен на коцки за подоцна полесно да се сече на парчиња.

Ова е рецепт само за кремот, а толку многу е вкусен што можете да го користите за полнење принцес крофни и други колачи.

coolinarika.com