Малку е познато за лековитоста на младите листови, зелените лушпи и незрелите плодови, кои помагаат при многу болести.
Оревот е познат кај народот како чистач на крвта, а се користи и за лекување на белодробни заболувања, воспаленија на цревата, за јакнење на мускулите и видот.
Во бања и како облога се користи против инфицирани рани и егземи, кожни болести, воспаление на очите. Како масло се користи за нега на косата, а штити од изгореници предизвикани од сонце.
Научниците забележале значајно подобрување на нивоата на холестерол и флексибилноста на крвните садови, што помага за подобар проток на крвта, за само четири часа после консумирањето на ореви или оревово масло.
Истражувањето покажува дека со редовна консумација долгорочно се заштитуваме од кардиоваскуларни болести.
„И само една шака ореви или оревово масло четири дена во седмицата може значително да го намали ризикот од срцеви заболувања„ – изјавила д-р Пени Крис Етертон, професорка од Универзитетот во Пенсилванија.
Јатката содржи: 65% масло, белковини, јаглехидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б и Ц, железо. Затоа е одличен детоксикант, секретолик, лаксатив и антидијабетик.
Листот содржи: цврсто етерично масло со жолтеникава боја, танин и материи со лут и горчлив вкус. Главно се собира во јуни и јули на убаво време, а најдобро е ако се користи додека е свежо и зелено, бидејќи содржи нераспаднати лековити состојки. Со сушење тие се менуваат и расипуваат, па и листовите потемнуваат.
Посебно е делотворен чајот од млад лист, кој заедно со малку мед го чисти организмот и ја подобрува општата здравствена состојба. Се користи за проблеми со дигестијата, костоболка, крварење на заби и болести на непцата, гнојни осипи, прекумерно потење на нозете и против вагинален исцедок („бело прање“).
Младите зелени ореви се богати со витамин Ц, па се ставаат во мед, а сирупот е погоден за закрепнување од болести, деца и слабокрвни.
Зрелите плодови имаат многу масло и се јадат сирови или тостирани. Одличен извор на омега-3 масни киселини, поради што успешно го снижуваат холестеролот во крвта.
ПОТЕЊЕ НА СТАПАЛАТА
Во два литри вода потопете по 5 супени лажици иситнет лист од орев и кора од млад храст. Ставете во зовриена вода и варете 10 минути. Тргнете од оган и почекајте бањата да се излади. Кога ќе биде млака, потопете ги нозете и оставете ги 15-тина минути. Извадете ги и оставете ги сами да се исушат.
ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КОСАТА
Во машинка за мелење ореви, смелете 10 супени лажици јатки од орев, а потоа ставете ги во 1 литар чист алкохол (96%). Шишето добро затворете го и оставете го 14 дена на топло место. Процедете, а со оваа течност масирајте ја кожата на главата секоја ноќ.
ПРОТИВ БОЛКИ
Промешајте 1 литар нерафинирано маслиново масло со 10 супени лажици иситнет оревов лист. Смесата ставете ја да отстои 1 месец на топло место со секојдневно размешување. Процедете, и со ова масло масирајте ги болните места.
ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ
Во комбинација со медот, оревот е одличен природен лек затоа што организмот ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, белковини, масти, јагленихидрати. Посебно е ефикасен при исцрпеност и слабокрвност.
Подготовка: 500 г ливадски мед се меша со 500 г мелени ореви и сок од еден лимон. Вака подготвениот лек се консумира на секои 3-4 часа по една лажичка, се до опоравувањето