ОМИЛЕНИОТ ПОЈАДОК! Освен што е многу вкусно, здраво е за целиот организам…Сите состојки веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 лажици брашно
4 лажици масло
4 супени лажици млеко
3 јајца
1/2 лажичка сол
малку црвен пипер во прав
1/2 кесичка прашок за печиво
1 морков
2 компири
1 тиквичка
100 г спанаќ
3 млади кромидчиња
За посипување:
малку сусам
рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
Изрендајте ги компирите, морковите и тиквичките и исцедете ги. Зелениот кромид и спанаќот измијте ги и исечкајте ги добро.
Во посебен сад изматете ги јајцата, додајте 4 лажици брашно, масло, млеко, зачини и прашок за печиво. Измешајте за да добиете изедначена смеса без грутчиња. Смесата со јајца сипете ја во зеленчукот и измешајте за да се распореди рамномерно.
Подготвената смеса распоредете ја во тавче обложено со хартија за печење и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 25 минути.
По 25 минути извадете од рерна, посипете со рендан кашкавал и сусам и вратете да се допече уште 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.