Компирот е една од најискористените намирници која може да се приготвува на милион начини. Во македонската кујна најчесто се приготвува потпечен компир во рерна или како помфрит, испржен во масло, како омилен прилог на главните јадења.




Неретко се приготвува и како компир манџа, вкусно вариво кое се јаде со лажица, или како мусака, потпечено во рерна. Во последно време попyларни се и питите филувани со компир, но и оние брзите-излеани без кори. Ова е еден нов рецепт, посебен начин на приготвување на компирот, кој за кратко време стана xит во регионот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: околу 1 кг компири, 100 г растопен путер, 30 г брашно, 3 големи јајца (или 4 помали), црвен пипер по вкус, 100 г рендан кашкавал, сол и црн пипер по вкус, 200 г кисело млеко или павлака – за сервирање




ПОСТАПКА: Компирот добро измијте го под млаз ладна вода, па сварете го во малку посолена вода, но внимавајте да не го преварите. Потоа оставете малку да се олади и изрендајте го крупно директно во намастен огноотпорен сад (може да го обложите со хартија за печење, но врз хартијата намастете со малку масло или путер).




Во еден подлабок сад изматете ги јајцата, додајте му го течниот путер (претходно растопен на тивок оган или во микробранова печка и малку изладен, но сепак во течна состојба), брашното, сол по вкус, црн и црвен пипер, исто така по вкус.




Врз ренданиот компир излејте ја подготвената мешавина од јајца и брашно, а одозгора наросете рендан кашкавал. Може да користите моцарела, ајдамер, гауда или каков кашкавал сакате, по ваш вкус (некој што се користи за пица, на пример).




Вака приготвениот компир со преливот ставете да се пече околу половина час во претходно загреана рерна на 200 степени или додека да зарумени и да фати коричка одозгора.




Компирот се сече на коцки со големина по ваша желба и се послужува со топка кисело млеко или павлака. НАПОМЕНА: Оригиналниот рецепт беше со сиров компир, се лупи и се ренда без претходно варење, но оваа верзија со варен компир повеќе ми се допаѓа.