Пишува билкарот Мартин најдовски за билката на денот – Бор (lat. Pinus sylvestris). Доколку имате повеќе прашања во врска со подготвувањето на некои природни лекови, консумацијата или во врска со самата билка, можете да го прашате Мартин на неговата фан страница Лилма.
“Борот или уште познат како Бел бор е зимзелено растение, расте од 10-30 метри, се наоѓа во планински делови, паркови, ридови и слично. Ова дрво има долга историја и примена. Во Египедската култура како и во сите пагански култури, борот го сметале за дрво на бесмртноста.
Вака го нарекувале, бидејќи го поврзувале со богот Озирис, кој бил бог на животот и см-ртта. Бидејќи борот било свето дрво и било симбол на бесконечност и бесмртноста, во некои пагански култури кога некој ќе поч-ине, неговите најблиски од фамилијата кршеле кора од бор.
А на местото каде што била скршена кората го гравирале неговото име во дрвото, бидејќи се верувало дека на таков начин ќе му се помогне повторно да се реинкарнира.
Има една мала легенда за тоа како борот ја добил неговата смола…Некоја девојка била повредена и стоела под ова дрво, бидејќи не можела да оди, имала ра-на на ногата. Одеднаш ја здогледала некоја мечка, а таа пак веднаш дотрчала до нејзината пештера за да земе смола за да ја излекува девојката.
Девојката преплашена и мислејќи дека мечката ќе и наштети, полека и незабележително избегала. Кога мечката се вратила и видела дека девојката не е тука, од бес ја фрлила смолата на дрвото и затоа борот оттогаш има смола – вели старата легенда.
На сите ни е познат боровиот сируп кој се приготвува од младите врвови кои се собираат напролет, но дали е тоа сè? Секако дека не, кај борот е лековито сè од игличките, кората, смолата, катранот кој се добива со согорување на дрвото, старите и младите шишарки како и пупките.
Штета што малку се знае за борот а има толку многу да се зборува за него. Борот изобилува со витамини и минерали од кои како најглавни се издвојуваат витамот А, В и Ц. Препорачливо е секогаш да се берат игличките свежи доколку се користат за чај, бидејќи со сушењето им испарува витаминот Ц.
Борот се користи при сите респираторни заболувања како бронхитис, пневмонија, астма, силна кашлица, болки во грлото и слично. Борот делува антивирусно поради присуството на витаминот Ц, но и ја чисти кр-вта, а со тоа делува на зголемување на имунитетот.
Поради присуството на многуте минерали и витамини (калциум, железо, фосфор, калиум) се користи за заштита од слободните радикали, па затоа може да се користи како превенција и заштита од кардиоваскуларни заболувања, дијабет, рак и Алцхајмерова болест.
Некои истражувања покажале дека боровите иглички ги сузбиваат тегобите со памтењето бидејќи ги намалуваат наслагите од бета амилоиди кои ги нарушуваат нервните врски и ја ослабуваат меморијата.
Витамиот А кој се наоѓа во големо количество во борот делува врз здравјето на очите, го подобрува видот, спречува и лекува катаракта, додека витаминот Ц пак, делува на поттикнување на создавање на колаген во нашиот организам кој е одговорен за обновата на мускулите, тетивите, коските, кожата и слично.
Борот делува смирувачки и релаксиционо, го јакне и чисти организмот, ја одржува работата на црниот дроб и го нормализира високиот кр-вен притисок. Чајот од бор го препорачувам на сите, особено во овој период, зимно време кога преовладуваат настинките и вирозите.
Надворешно во форма на мелем или масло, без разлика дали е приготвен од смолата, игличките или катранот, се користи кај рани и кожни болести, секакви видови болки, бидејќи делува како аналгетик, за зглобови и слично. Ова се некои од моите рецепти кои можете да ги прочитате во продолжение:
I Чај: 1 супена лажица иглички свежи се сечкаат и се попаруваат со 250 мл зовриена вода, отстојува тоа 20 минути поклопено, а потоа се процедува ниц цедалка или газа и се пие по 2 до 3 шолји на ден.
II Мелем за кожни болести и против болки во мусклите и зголобови: Се земаат иглички од бор и се оставаат да се исушат на провев, под сенка. Штом се исушат се мелат во машинка за кафе. Се зема една тегла и се полни 3/4 со измелените иглички а потоа се налева ладно цедено сончогледово масло.
Вака приготвената тегла се остава да отстои во времетраење од 40 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и во еден сад се става 1 шолја масло од бор, 1/2 шолја смола од бор. Сетоа тоа се прави на водена пареа (садот со маслото и смолата да биде врз сад со вода).
Се меша се додека да се стопи смолата и се соедини со маслото во компактна смеса, а потоа се додава 1/4 шолја пчелин восок (снабдете се од проверен пчелар). Се меша додека да се соедини а потоа се трга на страна. Се складира во соодветни мали кутивчиња и се користи за мачкање 2 до 3 пати на ден.
III Тинктура – Потребни состојки: 100 грама свежи иглички од бор, 1 литар ра-кија домашна (40-50%). Постапка за приготвување на тинктурата: Состојките се ставаат во стаклено шише со капаче и се остава да отстои 21 ден, а потоа се процедува и се пие по 15 до 20 капки 3 пати на ден пола саат пред јадење.
IV Оцет од Бор – Најдобро витаминот Ц се искористува како и сите други минерали и витамини преку закиснувањето во оцет или во форма на тинктура, бидејќи со попарувањето се уништува витаминот Ц, а на овој начин сиот се искористува:
Половина шолја иглички од бор се прелеваат со 700 мл јаболков оцет. Користете поголема стаклена тегла. Се остава да отстои 40 дена, а потоа се процедува и се користи како додаток во супи или се разматува во вода, по 1 кафено лажиче наутро и 1 кафено навечер.
V Бања за реума: 2 грста борова смола се става во 1 литар вода, се остава половина час а потоа се вари 5 минути, се процедува и се додава во када полна со топла вода. Се седи во кадата додека водата да стане млака.
VI Лек за запек: топче смола со големина на грашок се става во една лажица топла вода па се голтнува. Се зема еднаш дневно. По две дози се регулира столицата.
VII Од кората се прави тоник за зараснување на рани: се зема кора од бор се меле во машинка за кафе па се меша со топла вода (да не е вриена). Добиената смеса треба да биде густа како каша. Се премачкува раната па се врзува со завој.
VIII Лек за болки во ‘рбет, раце, колена и без разлика каде и да е болката: Се зема боров катран, се мачка местото, а потоа се превива со една фолија па потоа со една крпа. Ова се прави навечер и се спие со облогата. Наутро се измива местото и се става секоја вечер се додека да помине.
Има уште многу за зборување за борот, и како и секој билкар што си има своја омилена билка, така и мене ми е борот, па затоа ја нарекувам “билка за се” – заклучува Мартин Најдовски.