После пиење на антибиотици или период кога не сме внимавале многу на исхраната, потребно е да се направи детоксикација. За закрепнување на организмот се воведуваат енергетски здрави оброци и витамински засилувачи кои ќе му помогнат на организмот побрзо да се врати во полна снага.
Потребни состојки:
300 мл млака вода
1 лажичка цимет во прав (по можност Цејлонски)
1-2 прстофат чили
1 лажичка мед (багрем, бор)
Постапка:
Во млака вода додадете еден исцеден лимон, мед, цимет и чили. Промешајте и испијте. Ова е количина за еден ден. Се пие на гладно, најдобро наутро.
Овој детокс би требало да се применува 7-14 дена за да може циметот да ги извлече токсините од телото и да го ревитализира организмот.