Потребни состојки:

350 г тестенини

100 г кисели краставички

1 црвена пиперка

1 зелена пиперка

1 мала , најмала конзерва пченка

1 ½ кесички мајонез

1 чашка кисела павлака

150 мл слатка павлака за готвење

100 г кашкавал

100 г шунка

Сол, црн пипер

Постапка:

Тестенините згответе ги, процедете и изладете.

Краставичките, пиперките, кашкавалот и шунката исечкајте ги на помали коцкички.

Додадете ги останатите состојки.

Добро промешајте, изладете и сервирајте.

Тестенините впиваат голем дел од течноста, па ако е потребно додадете уште хопла откако ќе се излади салатата, па промешајте уште еднаш пред сервирање.