Се приготвува во калап за куглоф и освен што е декоративно и интересно, премногу е вкусно!
Потребни состојки:
1 векна леб
4 јајца
3 домати
500 г шунка или по избор
150 г кашкавал
100 г путер
150 мл млеко
Сол, црн пипер, мускантно оревче, италијански зачин или зачини по ваш вкус
Постапка:
Лебот исечете го на парчиња, а секое парче намачкајте го со путер и зачинете ги.
Доматите убаво измијте ги и исечете ги на тркалца.
Брз секое парче леб ставете тркалце домат и парче шунка, па наредете ги во калап за куглоф вертикално или легнати врз плех обложен со хартија.
Јајцата изматете ги со млекото и зачинете ги по вкус, па со оваа смеса прелијте ги лепчињата.
Одозгора наросете со рендан кашкавал. Запечете во рерна додека да зарумени.