Вкусен ручек кој лесно и брзо се приготвува. Патлиџан полнет со месо, со вкусна и мека структура.

Потребни состојки:

4 модри патлиџани

250 г мелено месо

100 г кашкавал

3 лажици масло

2 лажици доматно пире

2 лажици милерам

2 чешниња лук

1 главица кромид

1 домат

Постапка:

Патлиџаните измијте ги, пресечете ги на половина и издлабете ги како чамци. Потоа ставете ги на 200 степени да се запечат околу 20 минути. Во меѓувреме издинстајте го месото со кромидот, па кога ќе биде печено додадете доматно пире и долијте малку вода.

Кога ќе провари тргнете од оган, изладете па додадете лажица милерам. Со добиената смеса полнете ги патлиџаните. Одозгора изрендајте кашкавал и запечете го во рерна околу 15 минути за да се растопи кашкавалот.